Рецепт за полнети пиперки какви што никогаш не сте пробале досега!

Рецепт за полнети пиперки какви што никогаш не сте пробале досега!

Денес ви споделуваме вистински летен хит кој лесно и брзо се подготвува! Убавината на овој рецепт се состои во богатството од вкусови, лесната подготовка и фактот дека можете да бидете подалеку од кујната додека не се испече овој вкусен летен ручек. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за полнети пиперки како што никогаш досега не сте ги пробале!

Рецепт за полнети пиперки какви што никогаш не сте пробале досега!

Потребни состојки:

  • 4 супени лажици маслиново масло
  • 1 голем кромид, ситно исечкан
  • 3 чешниња лук, исечкани
  • сол
  • свежо мелен црн пипер
  • 2 големи лименки наут (2 x 400 грама), исцедени
  • 20 грама гауда кашкавал
  • 2 лажички мелен ким
  • 1 лажичка мелен коријандер
  • 1 грст сечкан магдонос
  • 4 пиперки преполовени по должина и исчистени
  • 1 домат, ситно исечкан
  • 1 краставица ситно исечкана
  • ½ лимон

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.

2. Загрејте 2 лажици маслиново масло во голема тава на средна температура. Додадете кромид, лук, сол и црн пипер. Пржете со постојано мешање околу 5 минути, па префрлете ги во друг сад.

3. Во истиот сад додадете наут, ким, коријандер, магдонос и една лажица маслиново масло. Додадете сол, црн пипер и добро измешајте.

4. Ставете ги пиперките во сад за печење и наполнете ги со смесата од наут. Одозгора ставете кашкавал и печете околу 30 минути.

5. За тоа време исечкајте ги доматите и краставиците, прелијте ги со сок од лимон, додадете ги преостанатите 2 лажици магдонос и една лажица маслиново масло.

6. Послужете ги печените пиперки со салата од домати и краставици. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за полнети домати со моцарела.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар