Неделен хороскоп од 3 до 9 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 3 до 9 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!

Неделен хороскоп од 3 до 9 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Љубов: Веројатно ќе бидете незаинтересирани доколку ви се укаже можност за значајни љубовни потфати. Тоа ќе се јави како резултат на заситеноста со секојдневието и потребата за акција.

Кариера: Ви претстојат напорни работни денови во кои обврските ќе се зголемат, а со нив и деловните активности. Затоа, бидете спремни на сè, сетете се на сето она што сте го постигнале досега и прикажете се во вистинското светло

Бик

Љубов: Ви претстојат мали слатки моменти на хармонија и опуштеност со партнерот. Но, ќе постојат и такви кои ќе бидат склони да се повлечат и да ги кријат емоциите. Немојте да ги анализирате премногу работите.

Кариера: Сетете се колку сте постигнале во минатото, за да продолжите напред со нова инспирација и мотивација. Кога ќе ви понудат нешто големо, а се сомневате дека вие не сте способни за тоа, само се ограничувате себеси.

Близнаци

Љубов: Ако досега имало празнини во љубовта, деновиве ќе имате подобри можности. Полека и постепено ќе ви се подобрува приватниот живот, а и насмевката полека ќе ви се враќа на лицето. Не форсирајте ги работите.

Кариера: Повеќе би сакале да останете дома и да му се посветите на уредувањето на домот. Некои од вас ќе се претворат во вистински занаетчии во домот. Обврските на работа ќе бидат во втор план.

Рак

Љубов: Нема лесно да им подлегнете на фрустрациите, иако некој во ваша близина ќе сака да ве изнервира со своите постапки. Напротив, вашето внимание ќе го насочите кон нештата што ве прават среќни и ќе бидете имуни на негативната енергија на другите.

Кариера: Ќе соработувате со сите околу вас и тоа на ефективен начин. Некои ќе направат потези кои ќе имаат влијание врз сите со кои работат. Вложете повеќе труд доколку сакате резултати во блиска иднина!

Лав

Љубов: Позитивната атмосфера, вашата отвореност и подготвеност да го изразите она што го чувствувате и наклонетоста на другата страна, ќе ви ги направат овие денови пријатни.

Кариера: Сè поважни работи се случуваат на работното место, а работното место станува покреативно. Затоа, без двоумење ќе се фрлите на работа, а резултатите нема да изостанат.

Девица

Љубов: Вашите познаници или пријатели ќе ве канат на друштвени собири, а преку нив би можеле да запознаете личност која ќе ве заинтригира. Затоа прифатете ги нивните покани и бидете отворени за љубов. Оние во врска ќе бидат опуштени и безгрижни.

Кариера: Заостанатите работи се на дневен ред. Ќе има и такви кои дефинитивно ќе доведат до крај една фаза од својата работа. На повидок се нови очекувања, но ќе треба да се постават нови основи за нивна реализација.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар