Рецепт за кремаст колач со нутела и кекс

Рецепт за кремаст колач со нутела и кекс

Нутелата е омиленото слатко задоволство за многумина, особено ако е главна состојка на вашиот омилен кремаст колач кој се прави многу брзо.

Рецепт за кремаст колач со нутела и кекс

Потребни состојки:

За фил:

  • 360 грама павлака
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка цимет
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 120 грама нутела

За подлога:

  • 150 грама мелени бисквити
  • 100 грама путер
  • 1 лажица какао

Начин на подготовка:

Мелените бисквити измешајте ги со растопениот путер и со какаото. Мешајте ја смесата додека не се изедначи, а потоа ставете ја во сад за печење и печете 10 минути на температура од 170 °C.

Изматете ја павлаката со миксер, а потоа додајте ги шеќерот, екстрактот од ванила и циметот и промешајте уште малку. Додајте ја нутелата и промешајте со лажица.

Истурете го филот врз подлогата и ставете го колачот во фрижидер за да се зацврсти филот.

Погледнете го овој едноставен рецепт како да направите крцкави полжави со зелка.