Рецепт: Супа од компир за студените месеци

Супите најмногу ги сакаме во студените месеци, нели? Затоа, денес споделуваме еден едноставен рецепт за супа од компир во која ќе ужива целото семејство!

Рецепт: Супа од компир за студените месеци

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 парчиња сланина
  • 65 гр сечкан кромид
  • 2 големи чешниња лук (мелени)
  • 3 големи компири
  • 950 милилитри пилешки или зеленчуков булјон
  • 65 гр павлака
  • 65 гр рендан чедар кашкавал или по избор
  • 1/4 лажичка свежо мелен пипер или по вкус
  • сол по вкус
  • зачини по вкус и избор

Начин на подготовка:

  1. На средна топлина, во средно тенџере ставете го маслото и сланината околу 4-5 минути. Отстранете ја и ставете ја врз чинија со хартија за да се исцеди.
  2. Пржете го кромидот околу 3 минути. Додајте ги компирите и булјонот и оставете да зоврие додека компирот не омекне, околу 15 минути.
  3. Префрлете околу половина компир во сад и мешајте го додека не се изедначи. Вратете ги компирите во тенџерето заедно со павлаката и 30 гр од кашкавалот.
  4. Мешајте додека не се стопи кашкавалот и не се загрее супата, околу 2 минути. Вкусете и додајте зачини по избор.
  5. Ставете ја супата во чинии, украсете ја со сланината, со преостанатиот кашкавал и со додатоци по избор.

Можеби за десерт ќе сакате да ги пробате овие едноставни сочни колачиња со вкус на бадем.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар