Рецепт на денот: Пикантни полнети јајца

Послужете ги со сирење и пршута и уживајте

Потребни состојки:
  • 6 јајца
  • 75 милилитри павлака
  • 1 лажичка сенф
  • 1/2 лажичка црвен пипер
  • Прстофат сол и бибер
  • 2-3 капки табаско сос
Начин на подготовка:

Ставете ги јајцата во ладна вода и кога ќе почне да врие, варете ги уште 10 минути. Можете да ги искористите и веќе готовите велигденски јајца. Кога јајцата ќе се оладат, излупете ги, исечете ги на половина и извадете им ги жолчките.

Во голем сад, ставете ги жолчките, павлаката и сенфот и добро измешајте. Погрижете се да добиете хомогена смеса. Потоа додајте го црвениот пипер, солта, биберот, сосот и уште еднаш измешајте.

Со помош на шприц за декорирање торти, пополнете ги белките јајце со сосот со жолчки. Добар апетит.

Пробајте ги и овие два рецепти со велигденски јајца: Богата солена торта и превкусна салата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар