Рецепти со велигденски јајца: Богата солена торта и превкусна салата

Веројатно ви пукнале неколку јајца за време на фарбањето. Исто така ќе останат и многу од Велигден. Па, погледнете ги овие одлични рецепти со кои ќе можете да ги искористите преостанатите велигденски јајца.

Солена торта со јајца

Рецепти со велигденски јајца: Богата солена торта и превкусна салата

Потребни состојки
  • 1 килограм компири
  • 1 лажица путер
  • Кисели краставички
  • 7 варени јајца
  • 400 грама печеница или шунка
  • 200 грама сирење
  • 150 грама кашкавал
  • 3 лажици мајонез
  • Сол по вкус
Потребни состојки (за сос)
  • 200 милилитри мајонез
  • 200 грама кисело млеко
Потребни состојки (за декорација):
  • 4 варени јајца
  • Малку магдонос
Начинине подготовка:

Сварете ги компирите во солена вода. Исцедете ја водата, додајте путер и направете пире. Краставичките, печеницата сирењето и кашкавалот изрендајте ги, а јајцата исечете ги на тенки парчиња. Во посебен сад измешајте ги мајонезот и киселото млеко.

Кога компирот ќе се излади, од половина смеса направете кора во калап за торта. Добро натапкајте го со прстите за да добиете цврста кора.

Врз компирите наредете сирење и рендана печеница, па премачкајте со третина од сосот од кисело млеко и мајноез. Потоа ставете го останатиот дел од пирето, а врз него ставете кисели краставички, па тенко исечените јајца. Премачкајте и со другата третина од сосот, а озгора ставете изрендани кисели краставички.

Добро притиснете со дланките, покријте ја тортата со фолија и оставете ја во фрижидер преку ноќ. Ставете ја и преостанатата третина од сосот во фрижидер.

Следниот ден извадете ја тортата од калапот, од страните премачкајте ја со останатиот сос, а на крај изрендајте 3 јајца на врвот.

Богата салата со јајца

Рецепти со велигденски јајца: Богата солена торта и превкусна салата

Потребни состојки:
  • 10 варени јајца
  • 180 милилитри кисело млеко
  • 100 милилитри мајонез
  • 3 лажици сенф
  • 1 мал праз
  • Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка

Во голем сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот и сенфот. Излупете ги јајцата, исечкајте ја белката, а жолчката изронете ја со прсти.

Измијте го празот и исечкајте го ситно, па заедно со јајцата додајте го во садот. Зачинете со бибер и сол по вкус, промешајте и оставете да се излади во фрижидер.

Пробајте го и овој вкусен рецепт со велигденски јајца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар