Разликата помеѓу живот и смрт: Кога треба да се пијат лековите за висок притисок?

Лековите за висок притисок подобро штитат од срцев удар доколку се земаат пред спиење, одошто наутро. Барем тоа го покажува едно неодамнешно истражување.

Според научниците, нашиот биолошки часовник одредува на кој начин реагираме на лековите. Од друга страна пак, истражувачите велат дека крвниот притисок по природа треба да биде понизок навечер, односно за време на спиењето, па затоа и лековите треба да се земаат тогаш. Тие исто така предупредуваат дека ако притисокот е постојано висок, пациентот спаѓа во групата на личности со зголемен ризик од срцев удар.

Студијата опфатила повеќе од 19.000 пациенти кои биле поделени во две групи. Во една биле оние што ги земале апчињата наутро, а во другата оние што ги пиеле навечер. Научниците ја следеле нивната здравствена состојба повеќе од 5 години.

Кај пациентите што ја земале терапијата навечер, биле евидентирани 50% помали шанси за сртен исход или срцев удар. Тие имале значително понизок просечен крвен притисок навечер и во текот на денот. Исто така, притисокот во текот на ноќта им бил понизок отколку кај пациентите кој ги пиеле лековите наутро.

„За терапијата да има најдобри резултати, апчињата треба да се пијат непосредно пред спиење“, заклучува професорот Рамон Хермид од Универзитетот Виго во Шпанија.

Имате висок притисок? Кои вежби можат да ви помогнат, а кои треба да ги избегнувате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар