Имате висок притисок? Кои вежби можат да ви помогнат, а кои треба да ги избегнувате?

Имате висок притисок? Кои вежби можат да ви помогнат, а кои треба да ги избегнувате?

Управувањето со стресот е од многу значајно влијание доколку имате висок крвен притисок. Но, не сите техники за опуштање се соодветни за личностите со хипертензија, предупредуваат кардиолозите и додаваат дека тоа се однесува и на некои видови јога.

Имате висок притисок? Овие вежби може да ви помогнат!

Видовите јога кои вклучуваат многу седење во иста положба обично бараат и голема сила, а тоа може да го подигне крвниот притисок. За луѓето со висок крвен притисок повеќе одговараат оние видови јога кои вклучуваат многу движење. При изведувањето на овие вежби треба да се дише контролирано за поголемо опуштање на мускулите. Ова се некои од општите препораки за луѓето кои имаат повишен крвен притисок:

  • Не изведувајте инверзни положби (свртена положба на телото, стоење на глава итн).
  • Задржувајте го здивот само на вежби каде што е наведено, и не се задржувајте многу во таа положба ако е зголемен дотокот на крвта во глава.
  • Вежбите изведувајте ги повеќе динамично отколку статично (ако чувствувате голема напнатост, направете пауза или престанете со вежбање).
  • Вежбајте во границите на своите можности бидејќи вежбањето мора да биде пријатно.
  • Пред, за време на и по вежбањето опуштете се психички и физички, концентрирајте се на квалитетот на изведување на вежбата, а не на квантитетот. Вклучете медитација, техники на опуштање, длабоко дишење и визуализација.

Најдобра техника на опуштање, според кардиолозите, е секојдневен аеробик тренинг во времетраење од околу 30 минути, без разлика дали е во прашање пешачење, трчање, пливање или возење велосипед.

Следно, прочитајте и за овие 9 природни начини за намалување на високиот крвен притисок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар