Работи од домот кои треба навреме да ги фрлите

Работи од домот кои треба навреме да ги фрлите

Во ова видео ќе ви бидат претставени работите за кои не сте знаеле дека имаат рок на траење. Некои работи ќе ви бидат познати, но за повеќето со сигурност ќе бидете изненадени и ќе ви биде тешко да ги фрлите. Сепак, експертите предупредуваат дека за вашето здравје е подобро да не се приврзувате и навреме да се ослободувате од нив. Ова се неколку од нив.

Работи од домот кои треба навреме да ги фрлите

Перници – Доколку ја превиткате на половина и таа не се врати во нејзиниот природен облик, тогаш време е да ја фрлите.

Душек – Нешто слично се однесува и на душеците, бидејќи доколку забележите дека е вдлабнат на повеќе места, треба да си набавите нов. Според процените на експертите животниот век на душеците изнесува 10 години. Сепак, губењето на еластичноста и вдлабнувањето не е најголемиот проблем на старите душеци, туку прашинските грини, бактерии и мртви клетки од кожа кои се собираат во нивната внатрешност.

Пешкири – Оние кои се користат редовно треба да ги фрлите доколку се стари од 2 до 5 години.

Машина за перење алишта – Треба да се менува на 10 до 11 години.

Машина за сушење алишта – Треба да се менува на 12 до 13 години.

Машина за перење садови – Треба да се менува на 9 до 11 години.

Правосмукалка – Иако сè уште ви работи, правосмукалката треба да се менува на секои 5-7 години.

Четка за заби – Треба да се менува на секои 3-4 месеци.

Маскара – Рокот на употреба на маскарата е 3 месеци.

Козметика во прав и кармини – Собираат многу бактерии и доколку се постари од 2 години треба да ги фрлите.

Течна козметика – Поради истите причини како и козметиката во прав, треба да ја фрлите доколку е постара од 6 месеци.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар