Работи кои треба да ги знаете пред да се откажете од работата за детето

Не е лесно да се откажете од работното место за да се посветите на детето. Но, постојат мерки кои може да ги преземете за да ја направите оваа промена полесна. Џенифер Гефски и Стејси Дело се авторки на книгата „На вас е редот: Кариери, деца и враќање назад на работа – водич за вработени мајки“(Your Turn: Careers, Kids, and Comebacks—a Working Mother’s Guide)“, која е наменета за новите мајки кои работат. Еве што тие ги советуваат мајките кои се откажуваат од работата за детето.

Работи кои треба да ги знаете пред да се откажете од работата за детето

Не заборавајте што ве мотивира

Иако нема да работите во канцеларија, обидете се да го пронајдете оној дел од професијата кој ве поттикнал да работите во некоја друга активност. На пример, доколку сакате да дискутирате за големи идеи, може да формирате група за заедничко читање книги. Ова може да ви помогне да ја задржите мотивацијата и да се чувствувате исполнето дури и доколку сте дома цело време.

Изнајмете помош

Мајките кои не работат често се чувствуваат неудобно да изнајмат дадилка, но бидете слободни да го сторите тоа кога ви е потребно доколку можете финансиски да си го дозволите. На почетокот може да имате потешкотии во средувањето на хаосот кој ќе го направи детето, па не е страшно доколку одвреме-навреме изнајмите помош.

Најдете пријателки кои се мајки

Пријателките кои исто така се мајки може да ви бидат најголемата поддршка. Таквите пријателки може да се најдат на социјалните мрежи или на форумите. Освен тоа, секогаш можете да започнете разговор со некоја мајка во зоолошката градина или во паркот.

Хранете го мозокот

Грижата за детето не треба да ве спречи да читате или да посетувате културни настани. Може да најдете време за вас, колку и тоа да изгледа невозможно на почетокот. Обидете се со слушање аудио-книги доколку сте премногу уморни за читање.

Прифатете дека другите ќе напредуваат повеќе

Тешко е да слушнете дека некој кој бил на почетно ниво од својата кариера успеал да го добие унапредувањето кое вие го сакавте. Треба да си признаете дека се чувствувате лошо за ова, но не дозволувајте негативните чувства да раководат со вас. Запомнете дека имате многу други обврски кои ве чекаат.

Мајките кои ќе останат дома за да се грижат за детето треба да ги одбегнуваат овие 14 застарени совети за одгледување деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар