Зошто е добро да имате Јарец покрај себе?

Зошто е добро да имате Јарец покрај себе?

Ако му се допаѓате, тој нема да ви го признае тоа. Наместо со зборови, тој ќе ви го посвети своето време и внимание, а ќе ве освои со добри совети, конструктивни предлози, интересни идеи и информации. Неговите зборови чинат многу. Кога еднаш ќе допрете до него, ќе имате лојален пријател за цел живот.

Но, најпрво треба да внимавате бидејќи Јарците знаат да имаат рогови кои не се плашат да ги искористат. Тие исто така знаат да бидат и ладнокрвни, затворени, сè додека не научат кои сте и какви сте.

Јарците се оние личности што секогаш се опкружени со многу луѓе. Сепак, и покрај сè, тие се најтивки и само ги слушаат луѓето околу нив. Ако некогаш решат да се впуштат во разговорот, тоа ќе биде со некоја шега, анегдота или друга занимливост, без да го привлечат вниманието кон себе. Можеби не зборуваат многу за себе, ама постојано делат комплименти.

Ако Јарецот сака нешто, како на пример да се искачи на планина, не се ни обидувајте да му застанете на патот. Тој или ќе ве сруши или ќе најде начин како да ве заобиколи. Најверојатно ќе се искачи до самиот врв од чиста љубопитност, бидејќи сака да знае што има таму. Тој ќе стигне секаде каде што наумил, и што повеќе труд вложува, толку поголема награда добива.

Јарците се движат цврсто на земјата. Веруваат во тоа што го гледаат и во тоа што самите го создале. Сите луѓе во неговиот живот имаат важна и голема улога. Па, кога еднаш ќе допрете до него, ќе имате лојален пријател за цел живот.

Ако го изневерите или повредите, тој нема да ви се одмазди. Тој повторно ќе биде тука, но ќе чека кармата да си го направи своето за да може да ви каже: „Ти реков.“ Тој никогаш и никому не останува должен и помни сè.

Јарците никогаш не зборуваат за љубов. Тие никогаш не зборуваат за чувства. Никогаш нема ни да плачат пред вас. Не знаат како да ги контролираат своите емоции па ги кријат под дебел слој лед. Затоа и ќе ве повикаат на вечера за да ве изненадат со своите готвачки способности. Ќе ве покријат додека спиете. Ќе ве разбудат за да не задоцните. Ќе ви направат лулашка во дворот…

Тие ќе го одгледуваат вашето омилено овошје и ќе ви го донесат. Ќе го наберат вашиот омилен цвет. Ќе ви ги донесат највкусните бонбони. Ќе ви купат велосипед, телефон со најновата технологија. Ќе поправат сè. Можеби и ќе го дорасипат прво, па тоа ќе го поправат. Без да барате нешто од нив, тие ќе бидат тука кога најмногу ќе ви требаат!

Ја немаат сите таа среќа да бидат во близина на овој хороскопски знак, па ако имате Јарец во вашиот живот, погрижете се да му дадете до знаење дека вистински го цените сето тоа што тој го прави.

Дознајте и кои се 20-те животни принципи според кои се води секој Јарец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар