20 животни принципи според кои се води секој Јарец

20 животни принципи според кои се води секој Јарец

Јарците се одлични во претворање на своите соништа во реалност. Тие стопроцентно се вложуваат во работите, дури и кога сите други забушаваат.

Помеѓу останатите, нив ќе ги забележите по нивниот однос кој може да делува арогантен, бидејќи тие често знаат повеќе од вас.

Јарците имаат силен штит и во секој момент можат да ја исклучат својата емотивност доколку е тоа потребно.

Тие не покажуваат знаци на слабост. Секогаш зборуваат убедливо, полни со самодоверба и авторитет, без разлика дали знаат точно што треба да кажат или не.

Прочитајте ги 20-те животни принципи според кои се води овој знак.

20 животни принципи според кои се води секој Јарец

1. Ако ми е фино и удобно со некого, без проблем ќе ја покажам и мојата забавна и палава страна.

2. Според мене, ако човек не потфрла одвреме-навреме, значи не се обидува да направи ништо ново.

3. Имам многу добра меморија. Всушност, имам посебно место во главата каде што ги чувам сите луѓе кои нешто ми згрешиле. Стојат таму за да знам никогаш да не им дадам втора шанса.

4. Ме иритираат мрзливи луѓе и луѓе кои се сомневаат во сѐ. Исто така не поднесувам да ми дава наредби некој што знае помалку од мене.

5. Пред да го дадам моето мислење, прво сакам комплетно да ја разберам ситуацијата. Јас сум реалистичен тип на човек. Не сакам да претпоставувам, туку да ги гледам фактите.

6. Можам да ги видам луѓето такви какви што навистина се, дури и кога се обидуваат да го скријат тоа. Затоа најчесто преферирам да бидам сам/а.

7. Ги сакам недостатоците и несовршеностите кај луѓето бидејќи овие нешта ги прават луѓето интересни.

8. За да се сложувате со мене треба да имате јасни приоритети и да си ги исполнувате ветувањата.

9. Сакам да си ја задржам приватноста колку што можам. Затоа, ако нешто сакам да знаете, ќе ви кажам. За сѐ останато, гледајте си ја својата работа.

10. Одлучен/на сум и сакам да си ги исполнувам зацртаните цели. Затоа, многу ме иритира кога луѓето поставуваат непромислени прашања.

11. Штом се приврзам за некого, не престанувам да го сакам. Тоа ми е вроден инстинкт.

12. Ако некој многу ми значи, ќе изнајдам секакви изговори само за да го/ја видам.

13. Ако веќе се расправате со мене, ве молам не ми „вадете“ аргументи кои немаат никаква врска со причината заради којашто се караме.

14. Знам да ги одложувам работите до вечноста и назад, но штом ги завршам, сработени се перфектно.

15. Не ми е гајле за вашите пари, коли и облека. Важна ми е само љубовта, лојалноста и посветеноста кон мене.

16. Ако нешто сакам, никој не може да ми застане на патот. Секогаш го добивам она што го сакам.

17. Не им дозволувам на препреките во животот да ме победат. Ги совладувам, какви и да се, колку и да се големи и тешки.

18. Кога нешто многу ќе ме вознемири, се затрупувам со обврски и се држам на дистанца од сите. Понекогаш се изолирам и бидејќи се плашам бидам повреден/а.

19. Не поставувам премногу прашања за туѓата работа. Тоа не значи дека не ми е грижа. Едноставно треба да постојат граници и луѓето да го кажуваат она што сметаат дека треба.

20. Амбициозноста е мојата јака страна. Прифаќањето критика не е. Колку и да сакате да „ми помогнете“ со тоа што ми го кажувате, ако ме критикувате, така и ќе се чувствувам.

Погледнете ги и 30-те брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Јарците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар