Одберете еден ангел и прочитајте ја вашата новогодишна порака за добросостојба

Одберете еден ангел и прочитајте ја вашата новогодишна порака за добросостојба

Што треба да направите до крајот на годината за да ја дочекате новата освежени и полни со енергија? Одберете еден од овие ангели и прочитајте каква порака се крие зад него…

1. Сакајте се

Љубовта кон себе е темелот на животот. Ако навистина се љубите, си простувате и се прифаќате можете да ја споделите таа особина и со другите. Можете да го дадете само тоа што го имате. Кога чувствувате безусловна љубов кон себе, тоа природно го споделувате и со другите. Омразата, како љубовта, доаѓа од внатре па внимавајте со оваа емоција. Дури и најмалата доза омраза кон себе може да ви ја уништи енергијата и да почнете да привлекувате само негативност во вашиот живот.

2. Правете го она што ви предизвикува радост

Радоста е висока вибрациона енергија, усогласена со љубовта. Кога ги правите работите што ви носат радост, делете ја таа енергија и со другите. Сите наши поединечни цели во животот се начин да си донесеме радост во животот. Кога го минувате својот ден во стрес и несреќа, таа енергија ве исцрпува. За свое добро, но и за доброто на вашите најблиски, правете го само она што ве прави радосни.

3. Престанете да се споредувате

Кога се споредуваме со другите, ние без да сакаме ја менуваме нашата вибрација. Споредувањето ни создава лажно чувство дека сме неуспешни, лоши, недоволни, неспособни, несреќни… Со ваков став во животот, не можете да победите во ниту еден случај. Единственото на што треба да се сосредоточите е тоа дека вие сте вие и дека сте совршени токму такви какви што сте. Дозволете им на другите да инспирираат, но не и да ве депримираат, бидејќи не можете ни да претпоставите што се случува зад нечии затворени врати.

4. Барајте мир

Светскиот мир почнува со само една личност. Колку вие сте помирни, толку помирен ќе го направите и светот со својата енергија. Тоа можете да го постигнете со медитација, креативна експресија, јога, телесни вежби, правилна исхрана, енергетско исцелување, есенцијални масла, чистење на чакрите… Сите овие алатки ќе ви помогнат да донесете мир во својот живот, но и надвор од него.

Пресметајте го и личниот број според датата на раѓање и дознајте кој е вашиот ангел чувар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар