Психолозите советуваат: Држете се настрана од овие токсични луѓе!

Дружете се луѓето што во вам будат среќа и ви овозможуваат поддршка. Опкружете се со луѓето што ве инспирираат да бидете најдобрата верзија од себе. Ако во животот имате луѓе што на кој било начин негативно ви влијаат, оттргнете се од нив. Психолозите велат дека на тој начин ќе го зачувате психичкото здравје и ќе го унапредите квалитетот на својот живот.

1. Колешка/колега озборувачка

Некогаш е навистина интересно да чуете некоја „зачинета“ информација за колегите од работа што можеби ќе ве насмее и расположи, но внимавајте да не се внесете премногу во овој свет. Со цел да го спречите ова токсично влијание, едноставно избегнувајте ги оние кои се познати по ширењето гласини. Ако почнете многу време да минувате со нив, според психолозите, и вие ќе бидете доживеани како личност што озборува и другите ќе почнат да ве одбегнуваат.

Совет: Претераната изложеност на овие информации го загрозува и вашето чувство на самодоверба.

2. Бивш љубовник

Психолозите тврдат дека жената што го држи во близина својот бивш партнер, така што ќе го одржи сексуалниот живот активен, всушност си оневозможува да пронајде вистинска среќа и љубов.

Совет: Бившиот љубовник со причина е бивш и затоа треба така да остане, а емоциите од минатото не треба повторно да бидат разгорени.

3. Енергетски вампир

Имате пријателка што вам и баш не ви се допаѓа затоа што постојано се жали и на сè гледа црно, но се дружите со неа затоа што ви е жал да ја оставите? Ова не е добро ниту за вас, ниту за неа. Ако по гледањето со неа се враќате исцрпени и уморни, тогаш таа само ве троши. Не е ни чудно што овие луѓе се нарекуваат енергетски вампири. Тие ќе се „наполнат“ по дружбата со вас, а вие едвај ќе имате енергија да стигнете до дома.

Совет: Дружете се со луѓето што во вам будат среќа и ви овозможуваат поддршка. Сепак тоа не значи дека ако некој што вистински го сакате треба да биде оставен ако минува низ лош период.

4. Пријател/непријател

Оваа личност ви е пријател, но и непријател. Како е тоа можно? Наместо поддршка, од оваа личност ќе добиете натпревар, а ако сте тажни, сигурно ќе ви каже нешто што уште повеќе ќе ве растажи.

Совет: Некои луѓе веруваат дека ова е нормален облик на пријателство, но тоа е само навика. Не е воопшто нормално некој да се обидува сè да претвори во натпревар или пак, постојано да ги кажува погрешните работи.

5. Пријател што е секогаш без пари

Без разлика дали оваа личност постојано очекува да ѝ ги платите пијачките или пак, да ѝ позајмувате пари без да ги барате назад, едноставно не треба да трошите време на неа.

Совет: Овие пријатели само ве искористуваат, а тоа чувство воопшто не е добро.

Прочитајте ги и овие 10 работи што треба да ги знаете ако сте жртва на токсични семејни односи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар