Психијатарот Михаил Лабковски до жените: Сексуалноста не е во младоста и убавината!

Психијатарот Михаил Лабковски до жените: Сексуалноста не е во младоста и убавината!

Кога некоја девојка има 20 години, се сака себеси, не се плаши од никого, го избира тој што го сака, ги „вози“ мажите како што сака. Прашањето е, што се случува со неа по 15 години? Едноставно не можете да ја препознаете. Се појавува одредено незадоволство, таа не се сака доволно себеси, започнува да посетува козметички салони и пластични хирурзи, а сето тоа поради една причина – патолошката желба да ја задржи својата младост и конечно да си се допаѓа себеси.

Психијатарот Михаил Лабковски до жените: Сексуалноста не е во младоста и убавината!

Типичен ôд на жената над 35 години е со прстите навнатре. Движењето е некако несигурно. Жената почнува да се шминка се повеќе и повеќе бидејќи се срами од своето вистинско лице. Но, непријатното изненадување е што сите начини да се задржи младоста по секоја цена не успеваат.

А еве зошто:

Жената во својата глава го има стереотипот: на 20 години, сите ме сакаа. Значи, за да бидам сакана морам да изгледам како да сум повторно 20 години. Не ѝ паѓа на памет дека таа се сакала себеси кога имала 20 години. И штом наполни 35 години, таа започнува да ја губи довербата во себе и во својот изглед.

Во денешното општество постои хипертрофичен култ кон младоста. Од 20 до 40 години, човекот не размислува за својата младост. И кога има 45 години, човекот ужаснат сфаќа дека старее. За да се увери дека е сè уште привлечен започнува да бара млада девојка. Патем, без сомнеж ќе ја најде, но неговиот интерес за младата девојка го раѓа овој култ: него го сакаат само младите.

Три работи во животот не се многу важни: возраста, изгледот и карактерот.

Не е на одмет да повториме дека луѓето околу вас ве перцепираат така како што вие се перцепирате себеси. Ова важи и за мажите, но овојпат не станува збор за нив. Како се чувствувате, така изгледате. Зошто? Да, затоа што мажите нема да го перципираат само вашиот изглед, туку и вашето чувство за себе. И ако жената е подготвена да шета наоколу со туѓо лице, таа не е подготвена да се сака себеси, па ниту една операција не може да го промени тоа.

Што е сексапил?

Сексуалната привлечност не е збир од параметри што мора да бидат исполнети. Телото што самата жена го сака и смета дека е секси е сексуално привлечно. Веднаш, можете да наведете десетици прилично познати парови каде жената не само што не е во склад со канонот за убавина прифатен во општеството денес, но и не е толку убава. Јоко Оно е најкласичен пример. Нема убаво лице, ниту убава фигура. А, Ленон беше згоден, широкораменест, убав…; Пирс Броснан и неговата сопруга тешка 120 килограми; Бандерас и Мелани Грифит итн.

Сексуалноста не е за вашето тело, не е во брчките и килограмите. Сексуалноста доаѓа одвнатре. Човекот е така создаден, неговата психа функционира на тој начин. Веднаш штом ќе почнете да се сакате, веднаш ќе најдете партнер и ќе го добиете вниманието што го заслужувате. Возраста, изгледот или изразот на лицето немаат никаква врска со тоа.

Можеби сакате да ги прочитате и поимите за сексуалноста што сите треба да ги знаеме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар