Проверено: 2 начина да го освоите секој маж

Можеби мислите дека е многу тешко да се најде и задржи добар дечко во денешно време, но сепак се чини, на некои девојки тоа им оди од рака. Еве кои се двете најважни работи за да го привлечете, освоите и задржите засекогаш.

provereno-2-nachina-da-go-osvoite-sekoj-mazh-kafepauza.mk

Бидете зафатени со својот живот

Трикот не е во тоа да се посветите целосно на освојување на некое машко, туку да водите многу содржаен и исполнет живот, за и тој да посака да учествува во него. Жените кои се окупирани со својот живот се чувствуваат исполнето, посреќно и се самоуверени – а тоа се трите моќни магнети за привлекување мажи.

Уште нешто важно за машката психологија: ако мораат да бираат помеѓу нестабилни убавици и зафатени, недостапни, но просечни жени, тие секогаш ќе ги изберат просечните.

Опуштени и флексибилни

Не значи дека треба да се сложувате на сѐ, ниту да немате свој став, туку да бидете прилагодливи и да можете да ја видите добрата страна во повеќе или помалку, секоја ситуација.

Машките сакаат кога жената добро се снаоѓа во секоја улога во животот – во неговото машко друштво на работа и дома. Сѐ е во шармот и способноста да се прилагодите на моментот.