Мини видео курс: Како сами да си ја скратите косата?

Девојките кои негуваат долга коса мора редовно да одат на потстрижување доколку сакаат да го задржат нејзиниот добар изглед. Но, кратењето на косата бара време и чини пари, па ако не се плашите, следете ги инструкциите и овој пат расцветаните врвови скратете ги сами.

mini-video-kurs-kako-sami-da-si-ja-skratite-kosata-kafepauza.mk

За почеток потребни ви се пар професионални ножици, па инвестирајте во такви какви што користат фризерите. Потоа измијте ја косата, исчешлајте ја и нанесете хранливо масло, на пример силиконски капки на врвовите.

Извлечете прамен низ прстите и скратете 1-2 см. Ова повторете го со сите прамени. На крајот коригирајте со порамнување.

Во видеото подолу можете да видите како девојката ја дели косата на три дела, делот од круната е собран горе, додека остатокот се дели на два еднакви дела и се поткаструва. Вака е најсигурно.

Па, доколку имате долга коса, одете на фризер кога ќе сакате да направите подрастична промена. За обично освежување на врвовите, што треба да го практикувате на секои да месеци, аова лесно можете да го направите и сами.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар