Проникливи прашања кои имаат моќ да ве поттикнат на промена

Ова се прашања кои ќе допрат до вашите најдлабоки тајни и чувства, а чиј искрен одговор ќе ви помогне посигурно да чекорите во иднината и да ги остварите своите цели. Прашањата се поделени во четири категории: врски, работен живот, здравје и општи животни прашања. Важно е да не размислувате многу, туку да бидете искрени и да ѝ верувате на интуицијата.

(0) proniklivi-prashanja-koi-bi-mozhelo-da-ve-pottiknat-na-promena-kafepauza.mk

1. Вашите врски

Дали има некој со кој треба да поминувате повеќе/помалку време?

Дали треба да имате дете?

Дали треба да промените или прифатите нешто во врска со сексуалниот живот?

Дали кога ќе се погледнете себеси низ минатото, задоволни сте од тоа како сте се однесувале и што сте постигнале во врските со луѓето?

2. Вашата работа

Дали треба да најдете подобра работа и да се откажете од онаа што ја имате?

Дали треба повеќе/помалку да се трудите?

Дали треба да си го смените начинот на однесување: Со шефот? Колегите? Самата работа?

Дали сакате да работите за некоја организација? Ако да, за која?

Дали ќе успеете да постигнете сѐ што сте наумиле?

3. Вашето здравје

Што мислите, на која возраст веќе не би биле во состојба да бидете во работен однос? Дали тоа би ве направило поактивни сега?

Дали сакате да ја намалите тежината или сте сосема задоволни со изгледот? Ако сакате да ослабете, како би го направиле тоа?

Дали треба да вежбате повеќе? Помалку?

Дали мислите дека ќе ги постигнете зацртаните цели во однос на здравјето?

4. Вашиот живот

Кое е прашањето што најмногу се плашите да ви го постават?

По што сакате наредната деценија од животот да ви се разликува од оваа? Дали има нешто што би можеле сега да го направите?

Што ќе му даде повеќе значење на вашиот живот?

Да не се грижевте што ќе речат другите, која ќе ви беше најголемата цел?

Која е вашата најнеобична, чудна особина? Што кажува тоа за вас?

Замислете си дека сите што добро ве познаваат се наоѓаат во една соба. Вие не сте со нив и никогаш нема да дознаете што зборувале за вас. Што мислите, која позитивна карактеристика, сигурно сите ја рекле за вас? Како тоа ќе ви влијае? Која е пак, најнегативната? Дали може да работите на нејзино подобрување и евентуално исчезнување? Дали тоа ќе ве направи посилни?

Дали ќе ја прифатите вашата личност и карактер, онаков каков што е, или ќе сакате да се промените, на пример, да станете подруштвени, помалку агресивни или нешто друго? Ако сакате да се промените, што би ви помогнало во тоа?

Од што стравувате дека навистина биле во право?

  • Дека не сте доволно паметни
  • Дека сте мрзливи
  • Дека сте досадни
  • Дека не сте физички привлечни
  • Дека сте злобни
  • Друго (одредете сами)

Имајќи ги тие можности предвид, дали сакате нешто да направите во врска со тоа?

Дали веќе сте го постигнале замисленото? Ако не, дали има нешто што сакате да подобрите и промените?

Дали некогаш ќе ви биде грижа да постигнете многу повеќе од денес?

И за крај: Кои сте вие навистина?

План за промена

Сега навратете се на прашањата и размислете за одговорите. Дали постои барем една работа на која сакате целосно да ѝ се посветите? Почнувајќи… веднаш?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар