Прочитајте го овој текст пред да му се вратите назад на дечкото кој ве пуштил да заминете

Запомнете дека ако тој се грижеше доволно за вас, немаше да ве пушти да заминете. Ако тој се грижеше за вас, ќе ве ценеше и ќе знаеше колку вредите. Ако тој ве заслужува, зошто седите целите збунети и преплавени со грижа на совест? Ако тој се грижеше за вас, немаше да се прашувате дали навистина се грижи или не.

Прочитајте го овој текст пред да му се вратите назад на дечкото кој ве пуштил да заминете

Пред да му се вратите назад, сфатете дека не е ваша работа да ги бркате луѓето и да трчате во неуморни кругови. Заслужувате многу повеќе од човек кој ве тера да помислите дека љубовта е сурова. Љубовта не е сурова. Сурово е да го сакате погрешниот човек.

Пред да му се вратите назад, запомнете зошто воопшто сте си заминале. Сте се умориле од врската. Ви се смачило од постојаните повредувања и разочарувања. Во еден краток момент сте сфатиле дека заслужувате повеќе од тоа. И сте заминале. Сигурно ви било многу тешко. Можеби сте се свртеле назад неколку пати. Сте се надевале дека ќе ви каже да не си одите, но тој не сторил ништо.

Сега тој ви недостасува. Мислите дека ви недостасува, но тоа не е вистина. Вам ви недостасува замислата за тоа каков партнер би сакале тој да стане.

Се прашувате дали треба да му одговорите на пораката. Се прашувате дали вие треба први да му пишете порака. Се прашувате дали овој пат ќе биде поинаку.

Нема да биде поинаку. Можеби ќе биде поинаку на почетокот. Мислите дека времето што сте го поминале разделени ќе го натера да сфати. Ќе го натера да научи. Ќе го натера да согледа колку вредите.

Но, за момците како него, вие сте само навика. Човек кого можат да го тестираат. Човек кој им поставува предизвик секогаш кога ќе заминете. Тој е во предност секогаш кога ќе се вратите, бидејќи знае дека може повторно да ве има секогаш кога ќе посака. Но, никогаш не ве сака доволно за да ви се посвети и да ги исполни вашите потреби.

Пред да му се вратите назад, размислете за момент колку време и енергија сте потрошиле на оваа врска. И потоа размислете дали и тој потрошил исто толку колку и вие.

Вистинската врска не би требало да оди толку тешко. Нормално е тоа што мислите дека сакате да бидете со него. Но, вие заслужувате многу подобар партнер. Само тогаш кога засекогаш ќе се ослободите од него, ќе го добиете тоа што го барате.

За да можете да препознаете кој е вистинскиот партнер за вас, научете ги следниве љубовни лекции од пропаднатите врски.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар