Љубовни лекции од пропаднатите врски

Љубовни лекции од пропаднатите врски

Имајќи на ум дека не живееме во средниот век, па љубовта и сексот не се табу теми, луѓето, настрана од оние конзервативните, се отворени во тој поглед. Во денешно време имаме можност да запознаваме различни луѓе со различни карактери, да прекинуваме врски и да започнуваме нови… Со еден збор, слободно да го доживееме сè она што се случува на патот до вистинскиот/та.

Пред гордо да носите венчален прстен, мора да претрпите макар неколку љубовни грешки. Додека да застанете пред олтарот држејќи го/ја за рака вистинскиот/та, сигурно сте биле со погрешни. Тоа е непишано правило, секоја љубовна врска или макар да била само минлива романса, нè учи на многу работи.

Љубовни лекции од пропаднатите врски

Кои се најчестите лекции од пропаднатите врски?

Ако не можете да бидете свои, врската нема иднина

Ако не можете да излезете пред него/неа во вашето вистинско светло, со сите ваши мани и доблести, која е иднината на врската меѓу вас? До кога би можеле да се преправате дека сте нешто што не сте? Ако чувствувате потреба да се преправате, тогаш дефинитивно не сте еден за друг. Врската би требало да ви даде слобода да бидете она што сте, пред партнерот би требало да бидете свои, но доколку чувствувате притисок да се промените поради партнерот, тоа не води никаде и нема да трае долго.

Ако не може да ги искаже емоциите, тогаш не ни постојат

Нормално дека постојат личности на кои им е навистина тешко да ги искажат своите емоции, но оној кој има силни чувства ќе најде начин да ги искаже. Можеби не со зборови, но допирите, погледите, постапките кажуваат многу. Доколку гледате дека нема никаков „фидбек“ на чувства од другата страна веќе подолго време, тоа е така бидејќи најверојатно не ни постојат.

Луѓето не се менуваат

Познато ви звучат ветувањата дека ќе се промени или вашите надежи дека навистина ќе биде така? Љубовните врски нè научиле на многу важна лекција, не само за љубовта туку и општо за животот: Луѓето не се менуваат! Можат да променат одредени ситници и постапки, да сменат некои гледишта за нештата, но основата останува иста. Лажгото би можел да се потруди помалку да лаже, но пак ќе го прави тоа.

Ако не го цените она што го имате, ќе го изгубите

Често пати во врската, особено ако е подолга, луѓето се опуштаат мислејќи дека веќе го освоиле својот партнер и нема потреба да се трудат веќе околу тоа. Па така се случува она стандардното, почнуваме да подзабораваме важни датуми и места, забораваме да дадеме комплимент или убав збор, да ù укажеме на личноста дека ни го разубавува животот. Ако не го цените она што го имате додека го имате, ќе го цените повеќе откако ќе го изгубите.

Кога еднаш ќе тргне по удолница, нема враќање назад

Во секоја врска има кавги и несогласувања, во секоја без ни еден исклучок! Но кога еднаш тие кавги ќе станат чести, секојдневни, напорни и измачувачки, нервите се губат и веќе нема враќање назад. Штом почнат големите несогласувања и тоа поради мали ситници, залуден е вашиот труд да ја оправите работата, можеби најдобра опција е да ја прекинете врската.

Ако има големо его нема место за вас

Ако тој/таа има големо его, тогаш во неговото/нејзиното срце нема место и за вас! Тој што е преполн со самиот себе, што мисли дека неговите потреби мора да се стават на прво место, премногу ретко ќе обрне внимание на она што вам ви одговара и она што вам ви треба. Оној кој е опседнат со својата убавина никогаш нема да ја забележи вашата, оној кој е опседнат со својата вредност не може да забележи колку вредите вие. Со тек на време учиме дека оној кој не нè вреднува, не би требало ни да не има.

Не стремете се кон нешто сериозно со човек кој има фобии од врзување

Фобиите од сериозна врска или брак, можеби ќе исчезнат а можеби не, но не дозволувајте му/ù да го тестира тоа на вас. Вашите обиди да се врзете со личност за која од авион се гледа дека најмногу си ја љуби својата слобода, се навистина залудно потрошено време.

Гордоста мора да ја поседувате во одредена мера

Не смеете да заборавите да се цените себеси, не смеете да дозволите некој да си поигрува со вас или да ве понижува. Во тие моменти мора да се сетите на својата гордост и да имате свое цврсто јас. Но од друга страна, ако имате премногу гордост, вашата врска е во опасност. Некогаш треба да попуштите, да признаете вина или едноставно да замолчите за да не предизвикате поголема кавга. Луѓето кои ја поседуваат гордоста во огромни количини, не се способни за ова.

Кои и какви се лекциите кои сте ги научиле вие досега?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Bojan Reply

    E poradi ovoj tekst mi propadna vrskata (devojka mi go procitala)

  2. SamoJas Reply

    Бојан, немора да значи дека вашата врска пробаднала бидејќи девојката го прочитала текстот, можеби сте имале други недостатоци во врската.

  3. ivona Reply

    toa znaci deka tekstov i gi otvoril ocite

Остави коментар