Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и да се прифатите во целост

Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и да се прифатите во целост

„Совршеноста е постигната, не кога нема што да се додаде, туку кога нема што да се одземе.“ – Антоан де Сент Егзипери

Можете да ја откриете тајната на привлечноста доколку станете свесни за своите мисли и емоции и се прифатите онакви какви што сте. За да го достигнете ова, треба да бидете личен извор на позитивни емоции и размислување, а не да очекувате некој друг да го направи тоа за вас. Треба постојано да работите на овој ментален концепт преку континуирано оценување на својата личност и на своите постапки. Но, најглавно од сè е да го отстраните чувството дека не сте доволно добри.

(4) Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и свесни за себе

Едно истражување посветено на привлечноста кај луѓето, покажува дека жените кои се свесни за себеси и своите особини им се многу попривлечни на мажите, додека помеѓу мажите, се издвојуваат оние кои се способни да бидат присутни со умот „овде и сега“, а не да се навраќаат во минатото или со мислите да патуваат во иднината. Притоа многу е важно да не постои осудување и премерување на емоциите кои се развиваат во секој од нас. Кога сте свесни за себеси, тогаш не размислувате што останатите луѓе мислат за вас. За да се отстранат непотребните слоеви кои можат да ја покријат вашата уникатност, можете да се повикате на дефиницијата за принципот Парето. Овој принцип посочува дека 80% од нашите резултати доаѓаат од 20% од причинителите. Па така, наместо да се фокусирате на целосна промена на вашиот живот, обидете се да се сконцентрирате на 20% од работите и луѓето кои влијаат врз вашиот развој.

(2) Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и свесни за себе

На пример, доколку сте свесни за тоа како изгледате и знаете дека поседувате одредени недостатоци, не се фокусирајте на нивно прикривање со шминка или облека, туку работете на себеси да се прифатите онакви какви што сте. Колку и да изгледате беспрекорно и прекрасно, доколку не сте свесни за тоа, секогаш ќе наоѓате нешто што нема да ви се допаѓа и нема да можете да се видите во своето вистинско издание. тоа ќе ја намали вашата самодоверба и ќе стави бариера меѓу вас и околината. Доколку сте оптоварени единствено со својот физички изглед и со негово доведување до совршенство, може да дојде ден кога навистина ќе се разочарате. Вие треба да работите на својот изглед, но за вас самите, а не затоа што завидувате некому.

Сосема е во ред доколку имате некоја личност со која сакате да се споредувате и таа да ви претставува одредена мотивација да одите напред, но сепак вие треба да си поставите свои цели и да го следите својот пат. Единствено на тој начин ќе бидете целосно исполнети. Друг пример е што многу луѓе се обидуваат да ја најдат својата лична среќа во љубовните врски. Сличните умови се привлекуваат, но не можете да очекувате од вашиот партнер да ја преземе вашата одговорност за личната среќа. Многу често се случува луѓето да речат: „Конечно најдов некој, сега можам да бидам среќен/среќна“, но на крајот ќе откријат дека среќата лежи во самите нив.

(3) Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и свесни за себе

Треба да научите да се ослободите од потребата за нешто или некого, за да ја достигнете личната среќа. Мора да сфатите дека вашето вистинско „јас“ е полно со позитивни емоции и преку прифаќањето на околината и на луѓето и целосната отвореност кон нив, тоа се доживува како екстремно позитивна енергија којашто ги привлекува луѓето кон вас. Замислете си да имате некој до вас, кој нема строги правила, не ве осудува, но е забавен и прекрасен? Во таков случај луѓето се ослободуваат бидејќи немаат страв дека некој ќе ги суди за нивните постапки. Сфатете дека светот станува ваша рефлексија.

(5) Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и свесни за себе

Вие сте личноста која е свесна за себеси. Сè останато, вашето минато, вашата работа, карактер и другите физички и ментални аспекти се само дел од вашата свесност. Вие сте свесноста која е свесна за „искуствата“ во вашиот живот. Искуствата се како звук, а свесноста е тишината од која што произлегува звукот. Без тишината, тој нема да постои, но нема да има ниту тишина без звук. Без свеста за себеси не можете да имате емоции и мисли, затоа што вие сте оние кои се свесни за нив. Прифаќајќи се со сите доблести и недостатоци, вие се полните со позитивни емоции, кои ги одразувате на околината. Затоа луѓето кои си се сакаат себеси и не се осудуваат ниту самите, ниту околината, се вистински магнет за останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар