Како да ги одржувате овошјето и зеленчукот свежи?

Дали ви се случува да го отворите фрижидерот или шкафчето за храна и да видите дека овошјето и зеленчукот не се веќе свежи или дека се расипале? Сите ги правиме овие грешки и токму затоа по помислата колку пари трошиме на храна којашто ја фрламе в ѓубре ни паѓа тешко. Но, постојат голем број начини и трикови со кои овошјата и зеленчуците можат да се зачуваат свежи подолго време. Станува збор за едноставни навики со кои храната којашто сте ја купиле ќе ви трае подолго, а вие во секое време ќе имате здрави и свежи намирници за подготовка на вкусни оброци.

1. Не ги мијте пред да ги складирате

(5) Како да ги зачувате овошјето и зеленчукот свежи?

Миењето ја отстранува природната одбрана на овошјето и зеленчукот од скапување. Поради тоа, се препорачува, пред да ги сместите на нивното место, доколку се валкани со земја, да ја отстраните со бришење и да ги складирате на безбедно, темно и студено место.

2. Овошјето и зеленчукот бараат сува средина

(4) Како да ги зачувате овошјето и зеленчукот свежи?

Влагата е причинител за скапувањето на овие продукти. Еден трик со кој можете да ја избегнете е да поставите хартиена подлога на местото каде ќе ги складирате. Таа ќе ја впие непотребната влага и ќе го спречи расипувањето.

3. Како правилно се чува авокадо?

(6) Како да ги зачувате овошјето и зеленчукот свежи?

Авокадото коешто е недозреано треба да се чува во подебела хартиена вреќичка или завиткано во весник, сè додека не созрее. Потоа се става во пластична кеса и се затвора во фрижидер.

4. Некои зеленчуци и овошја не се чуваат во фрижидер

(7) Како да ги зачувате овошјето и зеленчукот свежи?

Пиперките, краставиците и доматите се препорачува да се чуваат на собна температура. Тоа е така затоа што, од студениот воздух, пиперките ја губат својата цврстина и стануваат крцкави, а краставиците и доматите стануваат „лигави“, односно од нив излегуваат течностите и тие повеќе не се добри за јадење.

5. Завиткајте ги рачките на бананите

(1) Како да ја зачувате свежината на овошјето и зеленчукот и да ги заштитите од скапување?

Можеби ви звучи чудно, но за да се зачува свежината на бананата треба да се завитка нејзината рачка со наједноставна фолија и да се остави на собна температура.

6. Чувајте исечкано и излупено овошје и зеленчук во тегла со вода

(8) Како да ги зачувате овошјето и зеленчукот свежи?

На овој начин можете да ги чувате морковите и целерот. Исечкајте ги и ставете ги во тегла со малку вода. Така подолго време ќе имате свеж и подготвен зеленчук за супи и други јадења.

7. Складирајте ги свежите продукти во потоплите делови од фрижидерот

(9) Како да ги зачувате овошјето и зеленчукот свежи?

Ова е важно затоа што, колку што е пониска температурата во фрижидерот, толку побрзо исчезнува јакиот мирис и свежината на продуктите. Затоа, во фрижидерите вообичаено има посебни кутии за зеленчук и овошје, каде што плодовите се заштитени од прениската температура.

8. Треба да се избегнува чување на одредени продукти на исто место

(10) Како да ги зачувате овошјето и зеленчукот свежи?

Одредени видови овошја и зеленчуци, кога ќе созреат се активираат и ослободуваат етилен, како што се бананите, кајсиите, крушките, мангото и доматите. Други пак се чувствителни на етилен, како што се јаболката, црниот домат, лубениците, доматите, тиквите, морковите и брокулите. Затоа, внимавајте, кога ги складирате да ги раздвоите овие видови овошје и зеленчук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар