3 пречки кои ви застануваат на патот кон остварувањето на сништата

Колкумина од вас не можат да се одлучат на првиот чекор што треба да го направат за остварување на некоја поставена цел? А, знаете дека по тој прв чекор следат уште многу други. Постигнувањето успеси подразбира многу работа. Тоа може да значи дека ќе треба да смените одредени работи во вашиот живот и речиси е неизбежно да се избегнат тешкотиите и непријатните моменти.

(0) Три пречки кои ви застануваат на патот кон остварување на сништата

Но, кога ќе се фокусирате на големата слика – вашиот живот од соништата, вашата визија – работата ќе стане помалку напорна. Кога ќе ја стекнете визијата за она што сакате да го постигнете, следен чекор е да ги прифатите овие три алатки во вашиот ум, кои ќе ви помогнат побрзо да дојдете до вашата цел. Доколку не ги сфатите на време, тогаш може да останете заглавени единствено во вашиот сон.

1. Самосвесност

(2) Три пречки кои ви застануваат на патот кон остварување на сништата

Дали се познавате доволно себеси? Дали сте запознаени со своите способности, со своите слабости, со своите навики? Самосвесноста е клучна за остварување на сите цели. Вие сте главниот менаџер на вашиот живот. Покренете ги вашите силни страни и отстранете ги или намалете ги слабостите. Дали имате тенденција да ги одложувате работите или пак, можеби му дозволувате на стравот да завладее со патот до вашиот успех? Дали самите си се блокирате? Сменете ги вашите навики. Откријте на кој начин тоа можете најлесно да го постигнете и почнете со работа, прво на себеси, а потоа впуштете се во остварување на вашите животни сништа.

„Да се биде свесен за себеси не е отсуство на грешки, туку можност истите да се научат и поправат.“ – Даниел Чидијак

2. Вашиот начин на размислување и верување

(3) Три пречки кои ви застануваат на патот кон остварување на сништата

Многу често, мислата дека не сме способни за одредена работа, нè држи на едно место или пак нè уназадува. Веруваме дека не можеме да оствариме некаква цел, дури и без да се обидеме. Можеби имате прекрасна претстава за тоа како треба да изгледа вашиот живот, но доколку не верувате во себе, нема да направите никаков напредок. Начинот на којшто размислуваме и вербата во себеси е најважната работа за постигнување успех. Тие се суштинските карактеристики кои ве тераат да одите напред и покрај непријатностите и разочарувањата. Научете го мозокот да размислува на успех и верувајте со сето срце дека тоа и го заслужувате.

„Нашиот најголем страв не е дека не сме соодветни. Нашиот најголем страв е дека сме претерано моќни. Она што не најмногу нè плаши е светлината, а не темнината.“ – Мариен Вилијамсон

3. Вашето дејствување

(4) Три пречки кои ви застануваат на патот кон остварување на сништата

Кога имате идеа или одредена цел во вашиот ум, мора веднаш да ги претворите во акција. Преку дејствувањето го постигнуваме успехот, а прогресот е најдобрата мотивација. Патувањето до целта е најделотворно доколку секој ден преземате акција. На тој начин секојдневно си давате причина да бидете горди на она што сте го постигнале. Никогаш не го потценувајте малиот чекор што води кон вистинската цел. Не паѓајте во замката на премногу размислување и премногу планирање на многу далечни патеки. Фокусирајте се на следниот чекор и на ништо друго.

„Иднината ви зависи од она што го правите денес.“ – Махатма Ганди


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар