Придобивките кои ги доживуваат интровертите во работната средина

Најпрво, да го дефинираме терминот за да нема забуни: интроверт е личност која ја полни својата енергија кога е сам со себе. Тие далеку од тоа дека не сакаат социјални интеракции или пак, дека не сакаат луѓе, но по подолго време поминато со нив, присуството на другите ги троши. Дури и кога станува збор за луѓе кои ги сакаат. Токму затоа и потоа им е потребно време со себе за повторно да ја повратат својата енергија. Имајќи го ова на ум, погледнете ги следниве придобивки кои тие ги искусуваат во професионалната средина…

Придобивките кои ги доживуваат интровертите во работната средина

Интровертите се најдобри кога прават нешта кои не вклучуваат помош од другите. За среќа, многу професии имаат потреба од изолираност со цел да се завршат потребните обврски. На пример, пишување, истражување, наука…

Интровертите одлично ги познаваат социјалните мрежи. И сите би се согласиле дека тие се клучни за работата денес. Тие имаат способност да изградат широки и значајни конекции преку Фејсбук, Твитер… Нив лесно им оди онлајн комуникацијата, брзо се адаптираат на разговорите, одлично го одбираат тоа во кое сакаат да се вклучат и сите овие нешта ги прават без да мора да се вклучат во директна интеракција со луѓето.

Интровертите се внимателни. Тие читаат и прават огромно истражување пред да го изнесат своето мислење, па токму затоа и кога конечно ќе се решат на тој чекор, знаат што зборуваат.

Интровертите се одлични слушатели. Не само што тие повеќе би слушале одошто би зборувале, туку и функционираат така што се прилагодуваат на екстровертите преку обрнување внимание на околината со цел да го преживеат денот. Тие ги забележуваат дури и оние нешта кои другите не ги гледаат.

Интровертите имаат аверзија кон лаф-муабет. Ова значи дека нивните разговори имаат тенденција да водат кон одредена цел. Тие се ориентирани кон завршување на задачата и бидејќи разговорот не е најдобриот начин да се направи тоа, најчесто го избегнуваат со цел да бидат поефикасни.

Неколку начини на кои можете да се адаптирате на оние барања кои оригинално не се наменети за интроверти

Социјални настани: Не мора да се вклучите во комуникација со сите личности кои ќе ги сретнете, туку фокусирајте се на една и дозволете си добро да ја запознаете и да разберете што ја мотивира. Потоа преминете на следната, па на следната… Вие имате уникатна способност да останете во допир со оние кои навистина ви се допаѓаат и тоа може да придонесе до моќна поврзаност.

Буда на идеи: Интровертите можат да бидат неверојатно креативни при бура на идеи, но не во оние кои се случуваат помеѓу други луѓе. Тие седат и слушаат, а потоа се враќаат во својата канцеларија каде што размислуваат и прават свое истражување. Дури потоа ги праќаат своите размислување, заедно со целосна анализа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар