11 нешта кои само Скорпиите можат да ги разберат

11 нешта кои само Скорпиите можат да ги разберат

Скорпиите се уникатни личности кои многу се издвојуваат од останатите хороскопски знаци. Доколку сте Скорпија или пак, познавате личност во овој знак, тогаш без сомнение ќе ги разберете следниве 10 нешта кои се карактеристични за нив. Што мислите, има уште некое однесување кое недостасува, а е типично за Скорпиите?

11 нешта кои само Скорпиите можат да ги разберат

1. Ако некој нешто ви згреши, вие без да се трудите ќе смислите совршен план за одмазда од библиски размери. Кога станува збор за одмазда, вие не сакате да размислувате за неа, но сепак идеите сами ви доаѓаат во вашиот ум.

2. Вашите пријатели дознаваат за вашата сериозна и интензивна борба неколку месеци откако ќе заврши. Без разлика за каков проблем станувало збор, вам во ниту еден момент не ви текнало дека тие би сакале да ви помогнат, па затоа сте решиле сами да се изборите.

3. Не ви е јасно како кога ќе прашате некого за љубовен состанок, тој или таа не сфаќа дека со тоа му давате дозвола да влезе во вашиот живот и дека на некој начин е исто како и понуда за брак. Бидејќи за вас ранливоста е најголемиот страв.

4. Секој пат кога излегувате од вашиот дом вие изгледате или како Бред Пит/Анџелина Џоли или како трол кој се онесвестил сред автопат. Едноставно нема златна средина кај вас, кога станува збор за изгледот.

5. Вие сте единствената личност на работа која се возбудува секој пат кога ќе порача пица за сите во канцеларијата. Вие сте толку среќни што изгледате како да скокате на невидлива трамбулина. Вашите колеги не сфаќаат од каде оваа реакција, но кога сте возбудени, тогаш сте ВОЗБУДЕНИ!

6. Имате пријатели кои ги знаете со години, но сепак сè уште не им верувате. Вие спиете со едното око отворено бидејќи никогаш не можете да бидете сигурни во нечии намери, дури и кога тие доаѓаат од вашиот најдобар пријател од основно. Тешко е да се биде во ваша кожа.

7. Вашата идеја за забавување во врската е да не им кажете дека ги сакате 3 секунди откако ќе сфатите дека ви се допаѓаат. Кога станува збор за љубов, кај вас е или сè или ништо. Вие или ја сакате оваа личност покрај вас до крајот на животот или тој/таа не постои за вас.

8. Имате долга листа која ги содржи сите оние личности кои барем еднаш ви згрешиле. И вие можете да се сетите дури и на деталите за ова предавство кое никогаш нема да го заборавите. Никогаш.

9. Глумите дека не се сеќавате на сите нешта, добри или лоши, кои вашето момче или девојка некогаш ви ги кажале или направиле. Не, вие не се сеќавате на датата кога прв пат сте се бакнале или пак, на денот и филмот кој сте го гледале кога прв пат сте било во кино… Зошто би ги помнеле овие нешта?

10. Кога ќе влезете во продавница и ќе забележите дека повеќе од 1 личност стои во ред пред касата, веднаш си одите. Вие не чекате никого, тоа е едноставно нешто што вие не можете да го направите. Дури и ако тоа значи дека никогаш повеќе нема да купувате намирници.

11. Ако некој реши со вас да прави лаф-муабет, големи се шансите дека ќе ве убие со тоа. Вие цврсто верувате дека може да се умре од ваков разговор. Заканата е вистинска!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар