5 најголеми грешки кои сите ние ги правиме со патиките и штиклите

Скапи или евтини, без разлика какви чевли имаме, сите ние сакаме тие подолго време да можат да се носат. Секако, за тоа да се случи мора правилно да се грижиме за нив и да ги одржуваме, но сепак се провлекуваат неколку грешки кои можат да го скратат нивниот рок. Чевларите откриваат кои се најчестите и најголемите грешки кои сите ние ги правиме со нашите чевли.

5 најголеми грешки кои сите ние ги правиме со патиките и чевлите

1. Ги перете патиките во машина за алишта. Не само што со тоа го нарушувате квалитетот на патиките, бидејќи тие не се „отпорни“ на машината за алишта, туку го уништувате и лепилото во базата поради кои ѓонот ќе почне да се одвојува.

2. Носите превртена кожа за време на дождливо време. Чевлите од превртена кожа никогаш не треба да бидат носени кога е мокро, бидејќи неповратно ќе се оштетат. Чевларите велат дека штетата која настанува по нивниот контакт со вода најчесто е трајна и не може да биде поправена.

3. Не ги штитите чевлите. Без разлика на материјалот, вие треба да ги заштитите чевлите пред носење. За секој вид чевли постои посебно средство за одржување кое мора да се користи. Тоа не е само трик на трговците со цел да ве натераат да потрошите повеќе пари од планираното, туку еден начин на кој можете да го продолжите рокот на траење на вашите чевли.

4. Претерано носење на омилените чевли. Можеби вие не сакате да ги собуете од вас, но на тој начин многу побрзо ќе ги истрошите. Чевларите можат да ја поправат штетата како излижан или одлепен ѓон, но оние чевли кои ја промениле својата форма од газење, не можат да се вратат во првобитната состојба.

5. Им го скратувате воздухот. Исто како и човечката кожа, така и чевлите имаат пори на кои им е потребен воздух. Токму затоа не ги чувајте во шкаф подолго време. Исто така не ги чувајте во пластични кеси и обидувајте се одвреме-навреме да ги проветрите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар