Прашања со кои ќе откриете дали сте нетолерантни на јаглехидрати

Прашања со кои ќе откриете дали сте нетолерантни на јаглехидрати

Веќе неколку години се зборува за нетолеранцијата на глутен, но исто честа појава е и нетолеранцијата на јаглехидрати.

Прашања со кои ќе откриете дали сте нетолерантни на јаглехидрати

Наводно, ова претставува сива зона. Количеството јаглехидрати кое му одговара на метаболизмот на една личност, не секогаш ги задоволува потребите што ги има некој друг. Имено, многу луѓе го решиле проблемот со здравјето откако го ограничиле внесот на рафиниран шеќер, а јаглехидратите ги замениле со намирници од цело зрно, сладок компир и свежо овошје. Со цел да ја проверите вашата толеранција на јаглехидрати, обидете се да ги одговорите следниве прашања.

1. Дали имате прекумерна тежина?

2. Дали поголемиот дел од времето се чувствувате изморено, особено после оброк богат со јаглехидрати?

3. Дали поголемиот дел од времето го минувате седејќи?

4. Дали чувствувате дека апетитот ви е надвор од контрола?

5. Дали често имате желба за слатки или храна полна со скроб како леб, тестенини, компир и грав?

6. Дали имате вртоглавица кога сте гладни?

7. Дали вашето ниво на шеќер во крвта е во граница на нормалата?

8. Дали имате проблеми со анксиозност или депресија, како и проблеми со кожата, болки во зглобовите, хормонски промени или проблеми со спиењето?

Доколку одговорите потврдно на само едно од прашањата, обидете се 14 дена од исхраната да ги исфрлите житарките, мешунките и зеленчукот богат со скроб (морков, пченка, компир, тиква, сладок компир). Исто така избегнувајте шеќер, па дури и природните засладувачи како мед и јаворов сируп. Истото важи и за засладените газирани пијалаци. По 14-те дена, повторно одговорете ги прашањата под број 2, 5, 6 и 8. Доколку одговорите се промениле, најверојатно сте нетолерантни на јаглехидрати.

Погледнете ги и овие интересни начини да ги замените јаглехидратите со карфиол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар