Поучна приказна: Како да дознаете дали вашиот партнер ве сака?

Поучна приказна: Како да дознаете дали вашиот партнер ве сака?

Си бил некогаш еден човек кого го мачело едно љубовно прашање. Тој решил да побара совет од еден мудрец и го прашал:

„Како да знам дали жената навистина ме сака?“

„Ако ги прави овие 14 работи, биди сигурен дека те сака“, одговорил мудрецот.

„А кои се тие работи?“, прашал човекот.

Поучна приказна: Како да дознаете дали вашиот партнер ве сака?

Мудрецот одговорил на следниов начин:

„Ако ѝ се допаѓа твоето однесување и ги сака луѓето кои те сакаат.

Не се лути ако твоето мислење е поинакво или спротивно од нејзиното.

Ако ја погодува твојата лутина или тага.

Ако постојано се обидува да најде теми за разговор со тебе.

Ако те прашува за совет.

Ако се радува на твојот подарок без разлика колку е скромен.

Ако се обидува да ти биде поддршка или се понуди да заврши некоја од твоите обврски.

Ако ја загрижува твоето отсуство.

Ако сака да направи сѐ за да ти угоди и не го повторува она што ќе те налути.

Ако не ѝ пречи тоа што заработуваш малку.

Ако може да поднесе болка за тебе.

Ако се обидува да биде дел од твоите идеи и активности, односно се обидува да влезе во твојот свет и се интересира за твојата работа и хобија.

Ако не се срами од твојата работа, без разлика за што станува збор.

Ако ти помага во правењето добри дела.“

Тешко е да се најде партнер кој ќе ги прави сите овие 14 работи, без разлика дали се работи за жена или маж. Но, вреди да се истрае на потрагата по вистинскиот или вистинската, бидејќи тие постојат иако можеби не ви се верува. Вистинската и здрава љубов ќе ви се појави само тогаш кога ќе бидете подготвени за неа.

Во продолжение, прочитајте ја и оваа поучна приказна за љубовта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар