Поучна приказна за љубовта: Зошто треба да се чувствувам лошо?

Некогаш постоело едно момче кое било заљубено во една девојка. Таа не била најубава и најзгодна, но нему му била сѐ. Тој сонувал за неа и како го поминуваат остатокот од животот заедно. Еден ден неговите пријатели му рекле: „Зошто сонуваш толку многу за неа, кога не знаеш дури ни дали таа е заинтересирана за тебе или не? Најпрво кажи ѝ ги своите чувства, па дознај дали ти се возвратени.“

Поучна приказна за љубовта: Зошто треба да се чувствувам лошо?

Тој сфатил дека тоа е правилниот начин. Но, девојката знаела од почетокот дека ова момче ја сака и еден ден, кога тој ја побарал, таа го одбила. Неговите пријатели помислиле дека тој ќе почне да пие алкохол, да зема дрога и да си го уништи животот. За нивно изненадување, тој не бил воопшто депресивен. Кога тие го прашале како е возможно да не е тажен, тој им одговорил: „Зошто да се чувствувам лошо? Јас загубив некој кој никогаш не ме сакаше, а таа загуби некој кој навистина ја сакаше и се грижеше за неа“.

Поука: Тешко е да се добие вистинска љубов. Таа значи давање на другите без алчност да се добие нешто за возврат. Ако другата личност ја одбие, тогаш тој/таа губи едно од најважните нешта во животот. Затоа, никогаш не чувствувајте се депримирани и обесхрабрени.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар