Појадок за слабеење и одржување ситост во текот на целиот ден

Појадок за слабеење и одржување ситост во текот на целиот ден

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, особено ако сакате да ослабите. Но, доколку појадувате од сабајле и по неколку часа повторно чувствувате глад, размислете дали ги користите вистинските состојки. Ако ги прашувате нутриционистите, најдобриот избор за појадок е овесна каша, а тоа го потврдува и истражувањето објавено во журналот „Annals of Nutrition & Metabolism“.

Појадок за слабеење и одржување ситост во текот на целиот ден

Истражувањето опфатило 36 мажи и жени кои биле поделени во 3 различни групи – првата група јадела овесна каша за појадок, другата пченкарни снегулки, а третата го прескокнувала целосно појадокот и пиела само вода.

Во текот на неделата, сите учесници во истражувањето морале во повеќе наврати да ја бележат својата ситост, а давале и примероци од крв со цел да им се следи нивото на шеќер и инсулин во крвта. Потоа добивале ист ручек што требале да го консумираат сè додека не почувствуваат ситост.

Појадок за слабеење и одржување ситост во текот на целиот ден

Испитаниците што појадувале пченкарни снегулки чувствувале глад во следните 3 саати, исто како и оние што пиеле само вода. Тие исто така изеле ист број калории за ручек како и оние што не појадувале. Од друга страна пак, кај оние што јаделе овесна каша за појадок, било забележано зголемување на ситоста во текот на целиот ден, и таа група луѓе внеле помалку калории со ручекот.

Ова истражување е само уште едно во низата што потврдува дека овесната каша е одлична за симнување килограми, бидејќи со неа во текот на денот се внесуваат од 30 до 50% помалку калории.

Зошто баш овес? Ако мислите дека овесната каша се јаде само за појадок, грешите. Таа може да се меша со скоро сите оброци во форма на прилог, додаток на варива или салати, а исто така да се послужи и како десерт. Од друга страна пак, ќе бидете сити подолго време по консумирањето овес. Хранливите влакна што ги содржи го зголемуваат волуменот на одредени состојки во нашиот дигестивен систем, па затоа се јавува продолжена ситост. Освен тоа, благодарение на истите хранливи влакна, што го стимулираат варењето на храната, вашиот метаболизам ќе ви се подобри и многу лесно ќе почнете да слабеете.

Појадок за слабеење и одржување ситост во текот на целиот ден

Здравствените придобивки не завршуваат тука. Со овесот можете да го намалите холестеролот, бидејќи тој се врзува со маснотиите и на тој начин го штити здравјето на срцето и крвните жили и го намалува ризикот од срцев или мозочен удар. Постојат истражувања што покажуваат дека овесот е одличен борец против ракот, така што го намалува ризикот за негова појава, особено кога станува збор за рак на дојка, простата и јајници.

Погледнете го и овој рецепт за брзи колачиња со банани, овес и путер од кикирики!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар