Брзи колачиња со банани, овес и путер од кикирики

Вкусен протеински појадок

Брзи колачиња со банани, овес и путер од кикирики

Потребни состојки:
  • 2 големи банани
  • 125 грама путер од кикирики
  • 100 грама овесни снегулки
  • 1 лажиче ванила
  • 60 грама брашно
  • 1 лажиче цимет
  • ¼ лажиче квасец
Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени.

2. Направете пире од бананите, а потоа додајте им ги медот, путерот од кикирики и ванилата. Мешајте додека не се соединат.

3. Во друг зад измешајте ги овесните снегулки, брашното, циметот и квасецот.

4. Ставете ги двете смеси во еден сад и мешајте додека не се соединат.

5. Со лажица направете мали колачиња врз садот за печење.

6. Печете околу 12-14 минути, додека колачињата станат кафеави.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар