Како да им го објасните сексот на вашите деца, без притоа да се чувствувате незгодно?

Како да им го објасните сексот на вашите деца, без притоа да се чувствувате незгодно?

За разлика од повозрасните родители, кои живееле во поразлично време, денешните деца живеат во сосема поинаков свет. Тие уште од најмала возраст имаат пристап до Интернет и доколку не се соодветно контролирани од родителите, може да читаат и да гледаат буквално сѐ. Но, Интернетот треба да биде последно место од каде што би сакале вашите деца да научат за сексот. За таа цел, вие, како родители, треба да ги преземете работите во свои раце. Па, погледнете ги овие совети како да го направите тоа, без притоа некој од вас да се чувствува непријатно.

Како да им го објасните сексот на вашите деца, без притоа да се чувствувате незгодно?

Користете научен јазик

Педијатарите и експертите советуваат да им ги кажувате вистинските имиња на деловите од телото на вашите деца. Зборувајте со јасен и директен тон. Сепак, тоа е нормално и природно, па нема потреба да се срамите ниту вие. ниту вашето дете.

Почекајте да станат доволно возрасни, но не премногу

На околу 8 или 7-годишна возраст, децата може да сфатат некои работи за сексуалниот однос. Ако ве прашаат нешто во врска со тоа, нема потреба да им објаснувате сложено, туку можете да им кажете дека тоа се случува помеѓу нивните мајка и татко, кога телата им се спојуваат заедно како сложувалка. Имајте предвид дека ова е ваша шанса да почнете да го претставувате сексот како љубовна интеракција, како и начин на кој се прават бебињата. Ако постојано се чувствувате непријатно и се обидувате да ја избегнете оваа тема, оставајќи ја за кога ќе бидат повозрасни, многу голема е веројатноста дека медиумите ќе ја завршат оваа работа уште пред вие да се одлучите да им пристапите. Не дозволувајте децата да ги дознаваат овие информации од некои странци и помалку познати личности.

Дозволете им ним да го водат разговорот

Кога вашето дете ќе ве праша нешто во врска со сексот, кажете му дека тоа е одлично прашање и покажете му дека сте заинтересирани за зборување, со што ќе му дадете до знаење дека може да зборува на вакви теми со вас, па така и ќе ја зајакнете меѓусебната врска. Прашајте ги што веќе знаат тие во врска со тоа, па надополнувајте ги празнините во нивното знаење.

Разговарајте често

Ако зборувате само еднаш во врска со сексот, а потоа ја избегнувате таа тема, со тоа нема да ги научите вашите деца за сексуално преносливите болести, несаканата бременост и слично. Како и сѐ друго што се подразбира под улогата на родител, така и овде повторувањето е од суштинско значење. Како што стануваат повозрасни, вие треба да бидете сѐ повеќе заинтересирани за оваа тема и отворени да ги слушате.

Исто така зборувајте и за чувствата

Децата може многу лесно да добијат впечаток дека сексот нема ништо заедничко со емоциите. Но, ваша улога како родител е да ги поттикнете да преземаат одговорност за своето тело и својата сексуалност.

Бидејќи разговарањето за секс со вашите деца е од особена важност, погледнете ги и овие неколку дополнителни совети кои ќе ви помогнат во ова.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар