Почнува сезоната на крлежите: Како да се справите и како да ги отстраните?

Почнува сезоната на крлежите: Како да се справите и како да ги отстраните?

Крлежите не летаат и не скокаат. Тие се во потрага по домаќин, а возрасните единки се наоѓаат помеѓу тревата и растенијата, од каде што ги напаѓаат животните, но и луѓето.

Почнува сезоната на крлежите: Како да се справите и како да ги отстраните?

Овие инсекти најчесто се закачуваат на места каде што кожата е мека и влажна и каде што има влакна. Па, најчесто барајте ги кај пазувите, препоните, скалпот и бутовите.

Кога ќе го најдат идеалното место, на крлежите им се потребни околу 2 часа да ја пробијат кожата и да почнат да се хранат со крв. Целиот процес е безболен бидејќи крлежите имаат анестетик во нивната плунка. Доколку пренесуваат некоја заразна болест, на патогенот ќе му бидат потребни од 24 до 48 часа да влезе во домаќинот. Поради ова, од голема важност е штом ќе го забележите крлежот, веднаш да го извадите.

Веројатно сте слушнале дека крлежите се вадат со бензин, масло или други густи креми, но не би требало да го правите ова. Причината е што додека се гуши, крлежот би можел да ја поврати содржината на неговиот желудник, во кој се наоѓаат и патогените.

Најдобро е да ги отстраните крлежите со пинцета, така што ќе го фатите што е можно поблиску до кожата. Вадете го бавно и трпеливо и внимавајте да не го откинете делот што е под кожата.

Крлежите пренесуваат многу болести, а најчести се борелиоза и менингитис. Најпрво се забележува специфично црвенило на кожата. Потоа можат да се појават симптоми како температура, замор, болки во мускулите и зглобовите, главоболки, вкочанетост на вратот и слично. Доколку болеста не се лекува, можат да настанат компликации.

Со цел да се заштитите додека сте во природа, експертите препорачуваат да користите средства против инсекти кои можете да ги најдете во аптеките. Постојат продукти кои се нанесуваат на облеката, а има и продукти што се нанесуваат директно на кожата.

Што можете да преземете?

1. Доколку на вашето тело сте нашле крлеж, потребно е веднаш да го отстраните. Како што споменавме, тоа можете да го направите со пинцета, која претходно ќе ја исчистите со алкохол.

2. Со пинцетата фатете го крлежот што е можно поблиску до кожата. Внимавајте да не употребувате премногу сила за да не ја оштетите главата на крлежот.

3. Кога ќе го фатите доволно цврсто, почнете бавно да го извлекувате нагоре. Можете полека да го свртите на една страна, но избегнувајте секакви нагли движења.

4. На овој начин брзо ќе го извадите крлежот, а потоа ослободете се и од неговото тело.

5. Доколку не сте сигурни во вашите способности, најдобро е да побарате помош од медицинско лице.

Погледнете и како да направите природен спреј против крлежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар