Освежувачки пролетни коктели што не ѝ штетат на вашата линија

И покрај облачното време, пред нас се сончеви и топли денови, па сега е време за вистинско освежување. Веројатно и вие едвај чекате да ги извадите лесните фустани и прекрасните сандали и да излезете некаде. Кога ќе падне ноќта, сите бараат пијалак што ќе ги освежи. Доколку немате идеја, тогаш ќе ви се допаднат овие предлози.

Кога станува збор за правењето коктели, повеќето од нас стојат од другата страна на шанкот и се обидуваат да ја пронајдат совршената комбинација на вкусови. Но веројатно овој период внимавате и на вашата линија, па сигурно не сакате да испиете повеќе калории од планираното. Поради тоа, овие пролетни ноќи освежете се со некој од следниве нискокалорични коктели.

Тропско задоволство

Освежувачки пролетни коктели што не ѝ штетат на вашата линија

  • 50 милилитри бел рум
  • 30 милилитри кокосова вода
  • 20 милилитри свежо исцеден сок од лимета
  • Кисела вода
  • Парче свеж лимон за декорација

Утрински сјај

Освежувачки пролетни коктели што не ѝ штетат на вашата линија

  • 50 милилитри сув џин
  • 20 милилитри свежо исцеден сок од лимон
  • 50 милилитри свеж сок од моркови
  • Кисела вода
  • Свеж морков и кора од лимон за декорација

Мексиканска забава

Освежувачки пролетни коктели што не ѝ штетат на вашата линија

  • 50 милилитри бела текила
  • Свежа краставица
  • 20 милилитри свежо исцеден сок од лимета
  • Ѓумбир
  • Свеж лист нане
  • Кисела вода
  • Краставица, ѓумбир и листови нане за декорација

Пробајте ги и овие коктели од 3 состојки што секој може да ги направи.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар