Македонија низ фотоапаратот на инстаграмџијата Фисник Ислами

Македонија низ фотоапаратот на инстаграмџијата Фисник Ислами

Фисник Ислами е фотограф и македонски инстаграмџија чија што страст за фотографија се развила од желбата да ја споделува убавината што ја доживува околу себе. Па, ако сакате да ја видите Македонија во сосема ново светло, погледнете ги неговите прекрасни фотографии и запознајте го овој фотограф подобро…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fisnik Islami Photography (@isfissie) on

1. Кога го почувствува првиот наплив на инспирација за фотографијата? Дали беше под влијание на својата внатрешна страст или пак, нечии дела те инспирираа да ја побараш оваа страна од себе?

Сè ова почна со планинарење, се сеќавам беше август и планиравме да правиме тура низ цела Шар Планина, низ највисоките ридови. Почнавме од Син Врв (2.500 метри) и тогаш имав мал дигитален фотоапарат каков што денес може секој да има, и ми беше забавно да сликам, а потоа да ги разгледувам фотографиите во компјутер. Сосема е нормално камерата да не може да го покаже тоа што го гледаш и го чувствуваш самиот, па почнав да ги обработувам фотографиите со аматерски апликации. Но, тоа што ме туркаше сè повеќе во фотографијата е фактот дека за време на викендите често одам по планини, и ја гледам целата таа убавина, па ми беше глупаво да не ја споделувам и со другите.

Тоа време го носев фотоапаратот со мене по цели денови, а во последниве неколку години доволен ми е и мобилниот кој може да направи добра фотографија во моментот кога ќе се инспирирам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fisnik Islami Photography (@isfissie) on

2. Како успеваш да ја направиш фотографијата онаква каква што е во твоите мисли? Како ѝ пристапуваш на сцената, на тоа што го гледаш пред тебе, за да го извлечеш најдоброто од неа?

Секој фотограф ја има идејата во глава кога ја прави фотографијата, а најголемото концентрирање е надвор од фотоапаратот. Потребно е однапред да ја гледате убавината, за потоа да можете да ја сместите во фотографија, затоа што апаратот не може да ја овековечи баш како што ја гледате. Токму затоа и користам техника за фотографирање на истото место 3-5 пати, со различни експозитури. Исто така, зависи и на каков начин фотографирате и во кој формат. На пример, за лендскејп фотографиите користам „RAW Format“, што значи бруто слика, со цел подоцна да имам повеќе простор за обработување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fisnik Islami Photography (@isfissie) on

3. Какви опрема и софтвер користиш за да ги добиеш фотографиите што уживаме да ги гледаме на твојот Инстаграм профил? И како изгледа целиот тој процес на фотографирање, обработување и објавување?

Не користам само еден апарат, имам неколку, но за најквалитетни резултати работам со Никон д810, со различни леќи. Најчесто ги користам оние од 28-85мм и 50 1,4 од Никон, како и оние за широк агол. Што се однесува до софтверот, најмногу работам со Photoshop и Camera Raw , но во последното време сè почесто го користам и Skylum Luminar. Во Photoshop има повеќе простор и пологичен алгоритам, па затоа и најчесто го користам. Како што веќе спомнав, техниката со правење 3-5 фотографии на истото место, но со различна експозитура, ми дава простор да работам само во горниот дел на фотографијата, односно да работам со хајлајтс, па со средните тонови и на крај со сенките. Сето ова се прави преку слоеви и слични методи. За да обработам една фотографија, ми требаат 2-3 часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fisnik Islami Photography (@isfissie) on

4. Зошто токму градски и природни пејзажи? Зошто те влече овој вид фотографија, а не на пример, фотографирањето луѓе или животни?

Секој вид фотографија има свое добро и свое уживање, но како што спомнав во првото прашање, сето ова започна од планини, од убавината на природата и од градските архитектури, особено затоа што градот во којшто живеам има неколку убави стари архитектури. Исто така, се работи со истата техника на фотографирање, па можеби и ова е нешто што ме влече кон правење природни и градски пејзажи. За мене, портретите се исто така интересни, и понекогаш ги правам, но за секој вид фотографијата треба да имате соодветна опрема, па за портрети требаат блицови, рефлектори, позадини… Што се однесува до пејзажите, за тоа е потребно само фотоапарат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fisnik Islami Photography (@isfissie) on

5. Да можеш да разговараш со помладата верзија од себе, онаа што е на самиот почеток од својата фотографска кариера, што би си советувал?

Како почетник, повеќе се концентрирав на фотоапаратот отколку на делата, и не само што не можев без него, туку тогаш имав и повеќе време за сликање, сè што сакав е само да имам подобра камера. Проблемот беше што не ја користев таа што ја имав баш како што треба. Сега би се советувал себеси вака: Земи си го фотоапаратот и само фотографирај, ќе дојде време за да ги гледаш фотографиите во компјутер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fisnik Islami Photography (@isfissie) on

Фотографирањето ми дава мир во душава: Уживајте и во уметничките фото-дела на Игор Данајловски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар