Пилешко со јаболка и кари: Необична и многу вкусна комбинација

Се подготвува многу брзо и лесно, а кога еднаш ќе го пробате, ќе сакате повторно!

 Пилешко со јаболка и кари: Необична и многу вкусна комбинација

Потребни состојки:

  • Три лажици путер (или маргарин)
  • Две помали главици кромид
  • Две помали јаболка
  • Три лажици брашно
  • Лажица кари во прав
  • Две пилешки гради (обескостени и исечени на филети)
  • 250 мл пилешка супа
  • 250 мл млеко
  • Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 175 степени.

Во подлабоко тавче ставете го путерот или маргаринот да се растопи, па додајте го исечканиот кромид и јаболката исечкани на коцки. Пропржете кратко, додајте го карито и пржете уште околу една минута на не многу силен оган. Додајте го брашното, оставете да се крчка околу една минута, па додаjте ги супата и млекото и добро измешајте.

Месото исечено на филети посолете го и ставете му бибер по вкус, па наредете го во подмачкан плех. Одозгора налејте го сосот со кари и јаболка и печете 45-50 минути.

Уживајте!

Сакате да изненадите некого и со десерт после овој вкусен ручек? Проверете го овој наш рецепт за нутела колачиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар