Германски народен лек за чистење крвни садови: Спречува срцеви и мозочни удари, зајакнува имунитет

За да ги прочистат крвните садови, луѓето најчесто посегнуваат по лекови. Но, тие често предизвикуваат штета на црниот дроб и бубрезите. Со цел да ги исчистите целосно крвните садови, а притоа да не ги оштетите другите органи, пробајте го овој домашен рецепт кој ни доаѓа од Германија.

Потребни состојки:

  • 4 лимони
  • 1 парче корен од ѓумбир
  • 2 литра вода
  • 4-5 чешниња лук
  • 2 лажици мед

Начин на подготовка:

Темелно исперете го лимонот и прелијте го со зовриена вода со цел да ги отстраните сите нечистотии. Потоа извадете го од водата и исечкајте го на тенки кругови. Исчистете ги и ѓумбирот и лукот, исечкајте ги и ставете ги во блендер или смелете ги со машина за мелење месо.

Ставете го лимонот во тенџере од 3 литри или повеќе. Во друго тенџере сварете 2 литра вода и оставете ја да се олади на околу 60 степени. Во водата ставете ги лукот, ѓумбирот и медот. Сè добро измешајте па префрлете во тенџерето со лимонот.

Оставете да врие околу 2 часа, па тргнете го оган. Кога ќе се олади, префрлете ја мешавината во тегла од 3 литра. Вашиот лек е подготвен.

Гинеколозите предупредуваат: 5 народни лекови за вагинални проблеми кои треба да ги избегнувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар