Пијалак од 4 состојки кој ќе ви помогне да се справите со бактериите и киселоста во телото

Здравата исхрана значи умерено консумирање кисели и алкални намирници. Но, во современиот начин на живот преовладува храната која создава киселост во телото. Овој пијалак ќе ви помогне да ја намалите киселоста и да го исчистите телото од бактерии.

Пијалак од 4 состојки кој ќе ви помогне да се справите со бактериите и киселоста во телото

Соковите или смудињата од свежи состојки не се препорачува да ги пиете навечер бидејќи телото ќе нема доволно време да ги свари. Сировата храна треба да се консумира во текот на денот. Навечер пијте чај, а доколку сакате нешто за јадење, најдобро е тоа да биде домашна супа.

Овој пијалак може да ја намали киселоста во телото, а има неверојатен вкус. Погледнете како да го приготвите.

Потребни состојки:
  • 1/4 мала црвена зелка
  • 1 мал анасон
  • 200 грама црно или бело грозје
  • Лимонов сок
Начин на подготовка:

Исечете го белиот корен од зелката, а потоа исечете ја на големи парчиња и ставете ги во соковник. Анасонот исечете го на четвртини, додајте го во сокот од зелка, а потоа додајте го и грозјето. На крај додајте лимонов сок по вкус. Добро промешајте и ставете го пијалакот во чаша.

Можете да украсите со овошје или ливчиња нане.

Пробајте го и ова алкално смуди за идеална рН вредност на организмот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар