Парчиња облека што никој нема да ги носи во 2021 година

Модата носи многу нови трендови секоја година, но повеќето од нив се непостојани, односно парчињата облека излегуваат од мода толку брзо колку што станале хит. Средете го вашиот плакар и слободно исфрлете ја оваа облека бидејќи никој веќе нема да ја носи во 2021 година.

1. Минијатурни чанти

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blondie&Co. (@blondieandcoblog)

Иако се неодоливи на прв поглед, овие чанти не се корисни. Се враќаме на стандардните чанти со дефинирана форма и елегантен изглед, поголеми или помали, но доволно големи за да соберат сè што ви треба.

2. Искинати фармерки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanesa (@vanesa_ti)

По речиси десет години, и на овој тренд му дојде крајот. Класиците се враќаат во мода.

3. Неонски парчиња облека

Иако е присутен на модната сцена од 2016 година, овој тренд брзо згаснува во последните месеци. Во иднина, тој ќе биде резервиран за возење велосипед, кога е потребно да бидете што е можно повидливи за вашата безбедност на патот. Од 2021 година, овој тренд ќе биде заменет со светли и живописни нијанси и интересни принтови и дезени.

4. Прскана шарена облека

Како што брзо се пласира меѓу водечките трендови, исто толку брзо излегува од мода.

5. Бициклистички

Исто како неонските бои, бициклистичките им се враќаат на својата примарна цел – теретана и возење велосипед.

6. Големи паричници

Време е да им дадете предност на картичките и на бесконтактното плаќање, така што нема потреба да носите масивен паричник.

7. Минт боја

Единствената причина зошто оваа прекрасна нијанса излегува од мода е затоа што е тешко да се комбинира со други парчиња и бои.

8. Кратки, тесни шорцеви

Тесните и кратките летни шорцеви ќе ги замениме со пошироки и подолги модели.

9. Минијатурни очила за сонце

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CHHOYANG🌻 (@tnxnchhoyang)

Слично на минијатурните чанти, овој моден детаљ нема многу практична примена. Во мода се враќаат моделите на очила за сонце што навистина ги штитат очите од сонцето.

10. Проѕирна облека

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelika Placek (@angiefashion1808)

Овие парчиња веќе не се во мода кога станува збор за секојдневните комбинации затоа што се тешки за комбинирање. Оваа облека ќе биде заменета со облека од сатен или свила.

Погледнете кои 6 клучни парчиња облека треба да ги имате за сезоната зима 2020/21.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар