Палачинки со банана, грчки јогурт и шумско овошје - одличен почеток на утрото

Палачинки со банана, грчки јогурт и шумско овошје – одличен почеток на утрото

Го знаете она чувство кога сакате да подготвите нешто посебно? Ако „денот по утрото се познава“, денот што ќе го започнете со овие палачинки ќе биде посебен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr Hazel Wallace BSc MSc MBBCh (@thefoodmedic)

Потребни состојки (за 3 порции):

За палачинките:

  • 2 банани
  • 1 лажица мед или јаворов сируп
  • 280 мл млеко
  • 230 г пченично брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка мелено ленено семе

За сервирање:

  • грчки јогурт
  • малини, боровинки или друго шумско овошје (може и замрзнато)
  • кокосов чипс

Начин на подготовка:

1. Во голем сад, изгмечете ги бананите и измешајте ги со медот (или јаворовиот сируп) и млекото.

2. Додајте ги брашното, прашокот за печиво и меленото ленено семе, па измешајте добро.

3. Оставете ја смесата да стои 5 минути пред да загреете голема тава на средна до висока топлина.

4. Додајте лажичка масло по ваш избор (може кокосово, маслиново или од семки од грозје). Кога маслото ќе се загрее, ставете една и пол лажица од смесата за секоја палачинка.

5. Пржете неколку минути, додека не почнат да се појавуваат меурчиња. Потоа внимателно свртете ја палачинката на другата страна.

6. Повторете ја постапката сè додека не ја потрошите целата количина тесто.

7. При послужување на палачинките со банана, додајте грчки јогурт, шумско овошје и кокосов чипс.

Погледнете го овој рецепт за намаз од грав со вкус на лимон и зачини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар