Овошни сладоледи
Најздравите сладоледи се пред вас. Направете ги и лижете без да се грижите за килограмите…

Потребни состојки:
- 300 г јагоди, исчистени
- 100 г мед
- 3 супени лажици сок од лимон

Начин на подготовка:
Ставете ги јагодите во бледнер. Миксајте ги додека да се создаде еднолична смеса. Кога ќе бидат убаво измиксани, ставете ги медот и сокот од лимон и измешајте со лажица. Смесата распоредете ја во калапи за сладолед.

Ставете ги калапите да се замрзнат најмалку 4 часа.

Децата ги обожаваат, но има ли воопшто некој што не ги сака!?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
