Овие работи ги користите редовно, а тие стануваат токсични ако не се користат правилно

Овие работи ги користите редовно, а тие стануваат токсични ако не се користат правилно

Постојат многу работи во вашиот дом, навидум безопасни, кои имаат секојдневна примена и може да бидат многу опасни доколку не ги користите правилно. Истражувањата покажуваат дека овие предмети може да имаат сериозни последици врз здравјето на луѓето ако не се користат правилно.

Овие работи ги користите редовно, а тие стануваат токсични ако не се користат правилно

Алуминиумска фолија

Таа е составен дел на секое домаќинство, но може да биде многу опасна кога ќе дојде во контакт со храната. Поточно, ако ја завиткате храната во алуминиумска фолија, ситните алуминиумски честички навлегуваат во храната, а потоа и во вашето тело. Ако готвите оброци обложени со алуминиумска фолија, ќе внесете многу повеќе алуминиум во вашето тело отколку што е дозволено.

Нелепливи тави

Иако се многу практични и ви заштедуваат многу време, овој прибор може да бидат многу штетен за вашето здравје бидејќи е обложен со хемикалија наречена полифлуоралкил, која ослободува токсични гасови при загревање. Истражувањата покажуваат дека дури 98% од луѓето во Америка ја имаат оваа хемикалија во своето тело.

Средства за чистење на одводот и на рерната

Овие средства служат за да ги отстранат мрностиите и содржат хемикалии кои може да предизвикаат сериозни изгореници и респираторни проблеми ако дојдат во контакт со кожата или ако ги вдишете. Затоа, неопходно е да користите маска и заштитни нараквици кога ги користите, а потоа да ги фрлите на место што е изолирано од местото каде што престојувате.

Пластични кутии за храна

Пластичните кутии за храна се користат во речиси секој дом бидејќи се практични за чување и за носење храна. Сепак, тие може да ослободат токсични хемикалии во вашата храна ако ги користите кога ја загревате храната во микробранова печка или во рерна. Со затоплување на пластиката, во организмот се внесуваат токсини што предизвикуваат рак, дијабетес и неплодност.

Освежувачи на воздухот

Многу луѓе користат освежувачи на воздухот за да може да се чувствуваат пријатно во својот дом. Но, освежувачите на воздухот може да имаат многу негативен долгорочен ефект врз вашето здравје. Тие предизвикуваат мигрена и проблеми со дишењето и влијаат лошо на репродуктивното здравје.

Батерии

Батериите се неизоставен дел на секое домаќинство, но може да бидат многу опасни и штетни ако не се користат правилно. Најраспространетите литиум-јонски батерии може да бидат многу штетни за здравјето доколку се оштетат, бидејќи потоа ослободуваат токсични материи. Ако забележите дека вашата батерија е оштетена, веднаш треба да ја отстраните и да ја фрлите.

Ласерски печатачи

Овие уреди испуштаат ситни токсични честички во воздухот при секое печатење и ако се вдишат, може да предизвикаат многубројни проблеми во организмот. Ако печатите нешто, напуштете ја просторијата додека не заврши печатењето.

Прочитајте на кои нови начини омекнувачот на ткаенина може да ви помогне во домот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар