Од пченкарен кочан до сунѓер: Што сè некогаш се користело наместо тоалетна хартија?

Иако секојдневно го користиме и е првото нешто кое луѓето го земаат во ситуација како сега, со  пандемијата, ретко се поставува прашањето што би правеле доколку не се измислела тоалетната хартија во средината на 19 век.

Од пченкарен кочан до сунѓер: Што сè некогаш се користело наместо тоалетна хартија?

Дипломат од Блискиот исток ја посетил Кина во древните денови и напишал: „Тие не се особено внимателни во однос на хигиената и не се мијат со вода откако ќе одат во тоалет, но се бришат со хартија“.

За оние кои потекнуваат од култура каде имаат навика да се мијат со вода по користење на тоалетот, употребата на хартија била шокантна. Така, еден од најстарите почетоци на употребата на она што денес ни е задолжително средство за хигиена биле во Кина во VI век, кога богатите луѓе користеле нешто како сноп хартија за секојдневна потреба.

Тоалетната хартија потекнува од Рим

За време на владеењето во династијата Сунг, царот донел одлука да биде обезбедена хартија со ширина од околу 60 см за неговите потреби во бањата.  Тоа било првпат кога тоалетната хартија била официјално забележана да се користи од страна на император. Иако денес не ни помислувате на тоа, употребата на тоалетната хартија и како таа настанала го следи развојот на општеството, а нејзините корени потекнуваат од античкиот Рим.

Во тоа време популарни биле јавните тоалети, а посетителите не користеле хартија туку терсориум, сунѓер на стап, кој се чувал во солена вода или оцет кога не се употребувал. Често овој сунѓер се распарчувал, а не ретко се користел и погрешниот крај на стапчето, што доведувало до инфекции, па дури и до смрт.

Сенека ја раскажува приказната за германскиот гладијатор од 65 година п.н.е. кој се самоубил баш со таа четка за да се спаси од ужасната судбина која го чекала во Колосеумот. Необично било и во античка Грција, каде исто така се користел сунѓер на стап, кој се нарекувал ксилоспангиум, но префериран метод бил со парче керамика наречен песои. Парчињата се користеле со стругање, и историчарите процениле дека за просечно бришење биле потребни три парчиња.

Вообичаено било физолошките потреби да се задоволат надвор, и само оние одбраните членови во општеството можеле да го користат тоалетот со можност за измивање.

Се верува дека најстарите форми на тоалет во светот се наоѓаат во минојската палата Кносос во Крит, каде можат да се видат нивните остатоци стари 4000 години. Членовите на кралското семејство седеле на дрвено седиште над глинен сад, кој се чистел со вода која се влевала во камена канализација.

Во античка Јапонија, користеле метален уред наречен чуги кој личел на јазичен депресор (уред за чистење на јазик) за да ги исчистат сите места кои се тешко достапни. На Блискиот Исток, користеле проточна вода и левата рака за да го насочат протокот на вода таму каде што е потребно, а потоа, по употребата, внимателно и темелно ја миеле раката.

Крпи кои се переле и пченкарен кочан

Во Европа било вообичаено да се користат крпи кои се перат и се користат повторно, но многу од нив завршиле во канализацијата така што не е можно да се знае колку пати се користеле пред да бидат фрлени. Во Америка, вообичаено се користел изронат кочан од пченка. Тоа било многу популарен метод, бидејќи бил лесно достапен и изненадувачки мек и флексибилен.

Тоалетот со измивање бил измислен во 1596 година, додека пак првата тоалетна хартија била произведена во 1857 година. Тогаш американскиот пронаоѓач Џозеф Гајети започнал со продажба на првата терапевтска хартија богата со алое вера. 500 парчиња од оваа хартија се продавале за 50 центи. Во почетокот, била претставена за медицинска потреба наменета за луѓе кои се борат со хемероиди.

Станала многу популарна, така што луѓето почнале да користат сè што било слично, а што можеле да најдат. Каталозите и публикациите биле омилени, а се користеле и парчиња мов, крзно, дури и школки, осебно остриги. Иако Гајети бил горд на неговиот изум, тој бил запишан како неуспешен. На крилата на неговиот изум, многу други се обиделе да ги претстават своите хартии на пазарот.

Не успеале, сè до 1867 година, кога браќата Томас, Едвард и Кларенс Скот успешно пласирале на пазарот хартија во ролна, каква што и денес се користи. Хартијата почнала да се појавува во весниците па во 1942 година во Велика Британија била претставена и мека, двослојна тоалетна хартија.

Започнале со додатоци

Од тој момент до денес многу се работело за развој на совршен производ, се спроведувале истражувања за проценка на големината, тежината, отпорноста, грубоста и.т.н. Така, на пример, дошло до додавање на алое вера во хартијата.

Квалитетот на производот зависел од сето наведено, а помеката хартија се состоела од неколку слоеви. Ја збогатувале и со ласиони и кремови кои давале мекост и одреден мирис. Често на неа се наоѓале и некој принтови и сликички кои оставале впечаток и посебна карактеристика на она што сите го користиме, а што воопшто не е луксузно.

Разлики постојат секако и во цената, која особено варира баш кај таквите посебни тоалетни хартии. Денешната потреба за тоалетна хартија не е променета, а купувачите ја избираат според една од сите значајни карактеристики, мекоста. Цената на меката хартија се менувала со тек на годините, а особено голема разлика имало во 20 век, откако се вселила во сите бањи. Таму ќе остане засекогаш, или се додека не се појави некој посовремен изум кој како сунѓерот на стап ќе ги револуционизира нашите основни човечки потреби.

Можеби сакате да прочитате и кои 12 нешта што не би требало да ги фрлате во тоалетната школка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар