Оваа едноставна навика ќе ви го зголеми коефициентот на интелигенција за 23%

Оваа едноставна навика ќе ви го зголеми коефициентот на интелигенција за 23%

За време пократко од она што ви е потребно за појадување, вие можете да ја зголемите вашата интелигенција. Ви звучи премногу добро за да биде вистинито? Тогаш сигурно ќе сакате да продолжите со читање…

ovaa-ednostavna-navika-kje-vi-go-zgolemi-koeficientot-na-inteligencija-za-23-procenti-kafepauza.mk

Двата вида интелигенција

Постојат два вида интелигенција: Кристализирана и течна. Кристализирана интелигенција е вашата способност да користите информации, способности и искуства. Таа се зголемува со текот на времето и најмногу се користи во западните култури (помислете на секој тест што сте го имале). Течната интелигенција е вашата способност да препознавате шеми, да користите логика и да решавате проблеми. Воглавно ги вклучува креативноста, свесноста и иновацијата.

Лесно е да ја зголемите вашата кристализирана енергија со читање, учење нови факти… Но, течната интелигенција е различна. Порано се мислело дека е фиксирана, но сега нештата се сменија.

Новите истражувања покажуваат нешто неверојатно

Истражувањата покажуваат дека постои начин да ја подобрите вашата течна интелигенција: Со медитација. Точно така, медитацијата не само што е добра за вашето ментално здравје туку таа може да ве направи и попаметни. Се открило дека испитаници кои тренирале со мозочни бранови (посебен вид медитација), ја зголемиле својата интелигенција за 23 проценти. Овој резултат бил траен. Една година подоцна, испитаниците кои медитирале покажале зголемена креативност, концентрација и самосвесност. Едно истражување покажало дека после само 4 дена секојдневно медитирање, испитаниците покажале подобрување во меморијата, концентрацијата и нивото на стрес им било намалено.

Зошто медитацијата го подобрува нашиот коефициент на интелигенција?

Се верува дека причината за ова е тоа што медитацијата ја забавува активноста на мозочните бранови, што му овозможува на мозокот да се реорганизира. Секако, оваа информација води до прашањето:

Како да медитирате?

Медитирањето не е тешко, но можеби ќе ви биде потребно време да се навикнете. Ако се држите до неа ќе почнете да ги чувствувате придобивките кои многу истражувања ги покажуваат. Еве ви неколку совети за како да почнете со медитација со дишење. Потребни ви се само пет минути, или повеќе доколку сакате.

1. Седнете во удобна позиција. Затворете ги очите или гледајте надоле. Можете да седите на подот или на кое било место што ви е удобно. Штом удобно ќе се сместите, свртете го вашето внимание кон дишењето. Најдобро е да се концентрирате на кревањето и спуштањето на градите или абдоменот. Концентрирајте се на чувството на секој здив.

2. Избегнете ги работите што ви го одвлекуваат вниманието. Сосема е нормално многу мисли да ви поминуваат низ глава. Не блокирајте ги. Воочете кој елемент или настан го создал тоа одвлекување на вниманието и продолжете кон следното вдишување.

3. Направете физички прилагодувања откако ќе престанете со медитирањето. Телесните движења предизвикуваат брза промена.

4. Не борете се со вашиот ум. Набљудувајте и забележете го вашето внимание и фокусирајте се на следното вдишување.

5. Не се вклучувајте во друга активност додека медитирате. Целта е да го задржите вашето внимание и да се концентрирате на вашето дишење.

6. Вдишете и издишете секојпат кога вашите мисли ќе заталкаат. А кога ќе бидете подготвени да прекинете со медитирање, нежно отворете ги вашите очи и фокусирајте се на вашето опкружување. Забележете како се чувствува вашето тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар