7-годишно девојче со алопеција блесна на училиште со нејзината луда „фризура“ и покрај сериозната болест

На Џанеса Рајд од Јута ѝ била дијагностицирана алопеција, односно опаѓање на косата. Но и покрај болеста, ова 7-годишно девојче не дозволило да го пропушти денот на лудите фризури во училиште!

7-годишно девојче со алопеција блесна на училиште со нејзината луда „фризура“ и покрај сериозната болест

„Нема лек или терапии што би можела да ги прима. Може да зема стероиди, но веднаш штом престане, косата повторно ќе ѝ падне“, изјавила Даниела, мајка ѝ на Џанеса.

7-годишно девојче со алопеција блесна на училиште со нејзината луда „фризура“ и покрај сериозната болест

Па така, на денот на лудите фризури, Даниела смислила оригинално решение за ќерка ѝ да не ја пропушти забавата.

7-годишно девојче со алопеција блесна на училиште со нејзината луда „фризура“ и покрај сериозната болест

Таа залепила светкави стикери на главата на Џанеса.

„За нас денес е ден на лудите глави! Мора да кажам дека изгледа неверојатно!“, напишала Даниела на социјалните мрежи.

7-годишно девојче со алопеција блесна на училиште со нејзината луда „фризура“ и покрај сериозната болест

Ние се согласуваме комплетно! Џанеса не само што одлично изгледа, туку и докажа дека прекрасно е да се биде различен.

7-годишно девојче со алопеција блесна на училиште со нејзината луда „фризура“ и покрај сериозната болест

Ова мало девојче е голема инспирација за сите луѓе кои имаат некаков физички недостаток. Џанеса е вистински доказ дека не треба да се плашите да бидете уникатни и дека треба да ја задржите насмевката на лицето и покрај сите животни потешкотии.

7-годишно девојче со алопеција блесна на училиште со нејзината луда „фризура“ и покрај сериозната болест

Доколку сте расположени за уште вакви инспиративни приказни, погледнете како овој татко со помош на Фотошоп ја сместува ќерка си во опасни ситуации за да ја зголеми свеста за рак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар