Освежителен леден кашест пијалак за љубителите на овошните вкусови

Одличен алкохолен пијалак за пречекување на летото!

Потребни состојки:
  • 45 милилитри џин или вотка
  • 90 милилитри свежо исцеден грејпфрут
  • 30 милилитри свежо исцедена калинка
  • 40 грама ледени коцки
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека не добиете хомогена смеса. Префрлете го пијалакот во чаша и посолете ги рабовите. Пријатен викенд!

Пробајте го и овој леден кафе коктел!