15 едноставни рутини коишто можат сериозно да ви го подобрат животот за само 1 месец

15 едноставни рутини коишто можат сериозно да ви го подобрат животот за само 1 месец

Понекогаш, наједноставните и навидум, најбезначајните навики, можат да направат огромно влијание и промени во животот. Еве кои 15 кратки и едноставни нови навики, можат позитивно да го променат и вашиот живот.

1. Доколку некоја работа ви одзема само 1 минута за да ја завршите, сторете го тоа веднаш

Правилото на една минута, е многу едноставно и неверојатно ефикасно. Доколку се одвикнете да ги одложувате сите обврски кои ви одземаат само една минута во денот, на наједноставен начин ќе успеете да завршите што е можно повеќе.

2. Определете си време за читање книга секој ден

Без разлика дали имате да одвоите само 10-20 минути во текот на еден ден, доколку тоа го правите секој ден, дефинитивно ќе го видите вашиот прогрес за еден месец.

15 едноставни рутини коишто можат сериозно да ви го подобрат животот за само 1 месец

3. Почнете да ги чистите забите со конец, барем еднаш дневно

Малкумина сметаат дека чистењето заби со конец е важно, но имајте на ум дека четката за заби не може да навлезе секаде каде што се насобира храната. Верувајте, оваа навика ќе ви заштеди многу посети на заболекар.

4. Обидете се секој ден да заспивате и да се будите во исто време

Вашето тело, обожува добри навики, а ова особено се однесува на здравите навики за спиење. Затоа, местете си аларм за одење во кревет, како и аларм за будење наутро и обидете се да ги почитувате временските рамки, во поголемиот дел од деновите.

5. Местете го вашиот кревет секое утро

Пристигнувањето дома од работа и гледањето уредно наместен кревет, причинува огромно задоволство, колку и да изгледа како незначајна работа. Кога ќе започнете да ја практикувате оваа навика секој ден, нема да можете да верувате дека некогаш сте го напуштале наутро вашиот дом, без да го сторите тоа.

15 едноставни рутини коишто можат сериозно да ви го подобрат животот за само 1 месец

6. Додајте една здрава состојка во вашето секојдневно мени

Додавањето на здрава состојка во вашата исхрана е многу поедноставно, отколку исфрлањето на храна којашто знаете дека е штетна, а вкусна и неодолива. Одберете некој зеленчук, овошје, јаткасти, зрнести плодови или свежи билки, коишто не сте ги консумирале до сега и уживајте во вашиот придонес кон доброто здравје.

7. Пронајдете вежби, коишто ќе можете да ги правите во удобноста на вашиот дом и вежбајте ги редовно

Без разлика дали ќе се одлучите за серија од склекови, стомачни, грбни вежби, јога или аеробик, со оваа рутина, ќе стекнете здрава навика за следење на дневна база и нема да имате изговори како замор или мрзеливост, што не ја посетувате салата за вежбање.

8. Наместо да ги расфрлате стварите низ домот, приберете ги на место

Оставањето на предметите каде што не им е местото, ќе создадат неуредност во вашиот дом. Избегнете да трошите часови во раскревање, така што ќе одвојувате по само неколку минути, за да ги приберете предметите на своето место, во моментот кога ќе престанете да ги употребувате.

9. Секоја вечер, испланирајте што ќе облечете наредниот ден

Доколку подготовките наутро ви одземаат многу време и енергија, започнете да ја одвојувате облеката од вечер, којашто планирате да ја носите наредниот ден.

15 едноставни рутини коишто можат сериозно да ви го подобрат животот за само 1 месец

10. Започнете да се занимавате со ново хоби или учете нова вештина, по 10 минути, секој ден

Без разлика дали отсекогаш сте сакале да свирите на пијано, да учите нов странски јазик или да се занимавате со везење или сликарство, посветувањето по барем 10 минути, секој ден, е гаранција дека ќе станете сè подобри во тоа, после еден месец вежбање.

15 едноставни рутини коишто можат сериозно да ви го подобрат животот за само 1 месец

11. Сочувајте ја секоја метална 50-денарка којашто ќе заврши во вашиот паричник

Многу луѓе, тврдат дека ова е многу едноставен трик за заштеда на пари. Ставете ги во касичка за пари, сите метални 50-денарки на коишто ќе наидете и уживајте во заштедата којашто ќе ја имате, во некоја точка во иднината.

12. Напишете 3 работи, за коишто сте благодарни, секоја вечер пред спиење

Водењето листа за работите за коишто сте благодарни или пишувањето дневник, е прекрасна навика, која ќе ви помогне да ги потенцирате сите убави нешта, коишто се случуваат во вашиот живот.

15 едноставни рутини коишто можат сериозно да ви го подобрат животот за само 1 месец

13. Пробајте медитација

Првата медитациска сесија на апликацијата Calm, е со времетраење од само 3 минути. Започнете од таму и забележете како ќе се чувствувате после еден месец секојдневно медитирање.

14. Обрнете внимание на тоа колку вода консумирате и поставете си дневна цел

Повеќето луѓе не пијат доволни количества вода, па доколку водите сметка колку чаши вода пиете на дневно ниво, тоа е добар начин да проверите дали имате потреба да ја подобрите оваа навика.

15 едноставни рутини коишто можат сериозно да ви го подобрат животот за само 1 месец

15. Јавете се некому кога имате лош ден, без разлика дали станува збор за пријател, член на семејството или медицински професионалец.

Може да ве интересираат и овие 9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар