Ослободете се од депресијата на природен начин и без лекови

Ослободете се од депресијата на природен начин и без лекови

Забрзаното темпо на живеење и сѐ поголемиот стрес се најголемите причини зошто голем број луѓе патат од депресија. И додека антидепресивите може да бидат единственото решение кога работите ќе излезат од контрола, ви откриваме неколку доста ефикасни начини како да се изборите со депресијата. Антидепресивите може да предизвикаат бројни несакани последици, во крајност дури и зависност, па затоа најдобро е прво да пробате да си помогнете на следниве алтернативни начини.

2-oslobodete-se-od-depresijata-bez-zemanje-lekovi-www.kafepauza.mk_

1. Квалитетен сон

Доколку се борите со депресија, би требало да се погрижите да спиете доволно. За да можеме да функционираме нормално во текот на денот, потребни се најмалку 7 часа квалитетен сон. Спиењето и депресијата честопати се поврзани, а истражувањата покажале дека токму недостатокот на сон може да довде до депресија. Од друга страна, несоницата е една од честите симптоми на депресија. За да си овозможите мирен и цврст сон, обидете се да медитирате или изберете некои други техники за опуштање пред да заминете на спиење.

2. Вежбање

На луѓето кои патат од депресија често им недостига мотивација, па затоа одењето во теретана и не е наједноставната работа на светот. Меѓутоа, важно е да бидете упорни и самите да се притискате. Вежбањето го подига нивото на ендорфин во телото, хормон кој е заслужен за доброто расположение и може да ви помогне да ги исфрлите насобраните фрустрации и да заборавите на негативните мисли.

3. Сончева светлина

Истражувањата покажале дека само 15 минути поминати на сонце може позитивно да влијае на нашето расположение. Токму затоа во лечењето на депресијата често се користи и терапија со светлина која се покажала како доста ефикасна. Без разлика на годишното време, доколку имате проблеми со депресија и анксиозност поминувајте повеќе време надвор, особено во текот на сончевите денови.

3-oslobodete-se-od-depresijata-bez-zemanje-lekovi-www.kafepauza.mk_

4. Медитација

Не само што го редуцира нивото на стрес и ја подобрува концентрацијата, постојат докази и дека одредени облици на медитација помагаат во лечењето на депресијата. Медитирањето воопшто не е тешко, само треба да бидете упорни. Сместете се во мирна и тивка просторија, седнете на подот и само дишете длабоко. Бидете фокусирани на своето дишење и обидете се да не мислите на ништо.

5. Пишување

„Исфрлањето“ на мислите на лист хартија, исто така, се покажало како доста ефикасен начин за борба со депресијата. Тоа е начин да ги исфрлиме потиснатите емоции и да се соочиме со нив. Исто така, може да ни помогне подобро да сфатиме кои работи нè мачат, што точно нè нервира и што ни влијае негативно на расположението.

6. Пријатели

Социјалната изолација е еден од симптомите на депресија и истата дополнително ја влошува, па затоа обидете се да бидете опкружени со позитивни и весели луѓе. Уживајте во активностите кои ги сакате, придружете се на некоја заедница што ги споделува вашите интереси и страсти и слично. Може дури и да се поврзете со други луѓе кои патат од депресија. Придружувањето на таквите групи е одличен начин за запознавање нови луѓе и создавање нови односи.

7. Психотерапија

Во краен случај, ако ништо друго не помага, а депресијата е сѐ поголема, разговорот со стручна личност може да биде најдоброто решение. Не плашете се да му признаете на вашиот доктор дека патите од депресија, но немојте веднаш да се согласите на антидепресиви. Благата депресија честопати може да се излечи со неколку терапија низ разговор. Пред земање антидепресиви задолжително испробајте неколку природни и многу поздрави начини за лечење на депресија.

1-oslobodete-se-od-depresijata-bez-zemanje-lekovi-www.kafepauza.mk_

Но, секогаш е добро да се информирате на време, па затоа ви препорачуваме да погледнете какви видови депресија постојат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар