5 видови депресија за кои треба да бидете добро информирани

Иако лошо е чувството кога не сте расположени, оние кратки моменти на тага не можат ни да се споредат со депресијата. Ова нарушување може да води до екстремен замор и толку силна тага што спречува уживање во кои било работи што личноста ги сакала. Постојат неколку видови депресија. Потребно е да ги познавате овие 5 вида за да знаете што се случува доколку вие, или некој што го познавате, страда од депресија.

1. Клиничка депресијата

(1)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Клиничката депресија е сериозно нарушување на расположението и се појавува кај 20% до 25% од возрасните во некој период во животот. Ако не е третирана, клиничката депресија може да трае неколку недели, месеци, па дури и години. Таа пречи во секојдневните задачи, вклучувајќи ги работата, училиштето, јадењето и спиењето. Некои од симптомите се недостаток на енергија, несоница, чувство на вина и безвредност. Исто така може да предизвика намален интерес за дружење со пријателите и семејството, па дури и да влијае на промена во телесната тежина. Важно е да посетите лекар доколку некои од овие симптоми ви звучи познато.

2. Дистимија

Sad woman

Овој вид има слични симптоми како и клиничката депресија. Луѓето кои страдаат од дистимија имаат постојано чувство дека депресијата им поминува, па повторно им се враќа. Не е толку сериозна како клиничката, но обично трае подолго. Луѓето кои страдаат од овој вид може да бидат навистина нервозни и имаат шанси да развијат и клиничка депресија. Иако нема начин да се спречи, комбинацијата од лекови и терапија е обично добар третман.

3. Постпородилна депресија

(3)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Жените кои родиле, може да го искусат овој вид депресија или неколку денови после породувањето, или пак неколку месеци подоцна. Овој вид обично предизвикува екстремна тага, замор и анксиозност. Жените може да плачат без причина, да спијат повеќе и може да имаат проблеми да се поврзат со нивното дете. Ако не се третира, може да трае со месеци, па дури и со години. Третманите обично вклучуваат терапија со антидепресиви или советување. Ако чувствувате некој од овие симптоми после вашето породување, веднаш отидете на лекар за да ја добиете потребната грижа.

4. Сезонска депресија

(4)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Сезонската депресија најчесто се појавува во зимските месеци. Луѓето кои страдаат од ова нарушување многу често имаат променливо расположение, се чувствуваат тажно и анксиозно во текот на студените месеци. Сезонската депресија може да ја зголеми желбата за храна полна со јаглехидрати, како леб или тестенини. Додека може да се појави кај секого, најчеста е кај жените и мажите на возраст од 15 до 55 години. Причината за нејзината појава не е целосно јасна, но најверојатно е поради недостатокот на сончева светлина. Терапија со светлина, антидепресиви и советување може да помогнат во справување со неа.

5. Функционална депресија

(5)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mk

Депресијата не е секогаш лесно да се забележи. Всушност, некои луѓе кои страдаат може да изгледаат навистина среќно и успешно. Но, зад затворени врати им е навистина тешко. Ова нарушување е познато како функционална депресија. Ова е ментална болест со која луѓето можат да ги извршуваат секојдневните обврски иако се чувствуваат депресивно. Најчесто се појавува кај жени кои тежнеат кон совршенство. Не е лесно да се препознае, но постојат некои показатели како нервоза, чудни шеги или постојана психичка отсутност. Медитација, разговор со лекар и лекарства можат да помогнат. Ако мислите дека го имате ова нарушување, не плашете се да побарате помош.

Погледнете и како луѓето кои страдаат од депресија ја маскираат оваа болест.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар