Одлично за постите или за мезе: Како да направите сирење без млеко?

Ако сте одбрале веганска диета како начин на живот или од здраствени причини одлучувате да постите и да не внесувате храна од животинско потекло, тогаш овој рецепт е за вас. Ова сирење е лесно и брзо за подготовка и е одлично за постите или за мезе со чаша добро вино.

Одлично за постите или за мезе: Како да направите сирење без млеко?

Потребни состојки:

  • 250 г индиски ореви
  • 1 лажичка босилек
  • 1 лажичка орегано
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка и половина нишесте
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка сок од цеден лимон
  • 1 лажичка јаворов сируп
  • 2 лажички агар-агар во прав
  • 3 лажици квасец

Начин на подготовка:

  1. Во блендер ставете ги индиските ореви, босилекот, ореганото, солта, нишестето, лукот, сокот од лимон, јаворовиот сируп и квасецот. Ставете 125 милилитри вода и мешајте за да добиете изедначена смеса.
  2. Во шерпа ставете 125 милилитри топла вода и 2 лажички агар-агар во прав. Мешајте на средна топлина и когата ќе зоврие додадете ја смесата од блендерот и пак мешајте.
  3. Гответе додека не зоврие, а потоа истурете ја смесата во тава. Оставете да отстои во фрижидер 2 часа. Исечете на парчиња и уживајте во вкусот.

Погледнете го и овој рецепт за ладни сендвичи со краставица.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар